Спорт
Реал се поигруваше со Еспањол
Дури во четврто коло од шпанската лига мадридските „кралеви“ ја покажа играта што според реномето на клубот и имињата на тимот од нив се очекува во секој меч. Многу лесно и убедливо Рела го совлада Еспањол со 3:0 на „Сантјаго Бернабеу“
Покрај трите гола, синоќешниот меч ќе биде запаметен и по исто толкуте исклучувања. Прво Пепе во 60. минута заради два жолти картона мораше да го напушти теренот, по четири минути зарад остар старт врз Кристијано Роналдо, во собелкувалната беше испратен гостинскиот играч Галан, а во 88. минута два жолти каротна заработи и Форлин.Реал поведе во 28. минута по пеналот што го изведе Роналдо, откако претходно неговиот шут од слободен удар во шеснаесетник со рака го сопре Гарсиа кој стоеше во живиот ѕид. Пеналот беше двапати изведен, бидејќи Роналдо, како и што се претпоставуваше при воведувањето на ново правило, ќе биде еден о диграчите кои најмногу ќе бидат враќање на пвотроно зиведување на најстраогата казна. Имено, Португалецот и овојпат по навика при зиведувањето на пеналот подзастана, што според новото правило не е дозволено. Но тоа не му сметаше на Роналдо во продолжение да биде вистински преддводника на „кралевите“ на теренот. Неговите друблинзи и проиграувања речиси во секој напад создаваа шанса пред голот на еспањол, а во таквата игра водството беше зголемено откако му асистираше на Гонзало Игуаин за 2:0, но дури во 79. минута. Конечните 3:0 ги постави Карим Бензема во 87. минута.Рела во вторникот навечер ја постигна и третата победа о во четирите кола, но оваа беше најлесно извојувана и резултатски најубедлива, па се искачи на првото место од Примера без пораз. Еспањол сега, пак, има две победи и два пораза.Синоња во 4-то коло од шпанското фудбалско првенство беа одиграни уште два меча во кои домаќините остварија победи постигнувајчи три гола. Атлетик Билбао ја совлада Мајорка со 3:0, со головите на Лопез во 44., Хосе во 62. минут аод пенал и Перез во втората минута од судискот дополнување. Осасуна и Реал Сосиедат одигра 3:1, со головите на Тамудо во 14., Пандиани в 37, Камуњас во 42. Аранда во 74. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ларкин ќе отсуствува два месеци
Шејн Ларкин ги повреди препоните на дуелот на Ефес со Баерн Минхен, а познато е и колку долго ќе паузира искусниот кошаркар.
Тренерот Игор Кокошков нема да може да смета на долгогодишната прва ѕвезда на тимот во следните два месеци.
Повредата се случи во првата четвртина од натпреварот во Анталија, кој Ефес го доби во трилер завршница со 74:72.
Капитенот на Ефес, има просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции по натпревар оваа сезона.
Спорт
Синер ќе ја брани титулата на Завршниот Мастерс
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Трета година по ред Синер ќе се бори за трофејот во Торино. Интересно е да се напомене дека Синер стана најмладиот тенисер во историјата кој играл во финалето на сите четири Гренд слем турнири и во финалето на завршниот турнир во иста сезона. На овој начин, тој ги повтори подвизиве на Ѓоковиќ и Федер, станувајќи само третиот играч на кого му успеало тоа.
Во првото полуфинале, Синер го победи Алекс де Минор со 7:5, 6:2 по еден час и 52 минути игра и со тоа го забележа својот 13-ти триумф во исто толку натпревари против тенисерот од Австралија.
Де Минор на маки го стави Синер во првиот сет, кој траеше повеќе од еден час.
Причината беше што не ги користеше брејк шансите. Ја искористи осмата и тоа во 11-от гем. Исто така во првиот сет, Синер, беше соочен со три брејк топки, сите успеа да ги спаси.
Синер освои четири гема на почетокот од вториот сет, правејќи двоен брејк со што го реши прашањето околу конечниот победник.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алијасим.
Спорт
(Фото) Жестока провокација од романските хулигани пред мечот со БиХ во Зеница
Вечерва, со почеток во 20:45 часот, во Зеница ќе се игра квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Романија. БиХ моментално е втора во групата со 13 бода, Романија има десет. Австрија е лидер со 15 бода, а сите три репрезентации треба да одиграат уште два натпревари до крајот на квалификациите.
Пред дуелот во Зеница, главна тема се романските навивачи. На пат кон Зеница тие поминаа низ Белград, се сликаа со транспарент, пред храмот Свети Сава, кој предизвика жестока реакција во Босна и Херцеговина.
На социјалните мрежи се појави фотографија со транспарентот подготвен од романските навивачи, на кој на англиски јазик беше напишана поддршка за воениот злосторник, Ратко Младиќ.
„Младиќ е европски херој, ги сведува муслиманите на нула“, пишува на транспарентот.
15.11.2025, Dinamo Bucharest🇹🇩 in Serbia🇷🇸 before Bosnia🇧🇦, click for more here: https://t.co/zZBoMT3m7T
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/49Ftz7dyYY— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 15, 2025

