Свет
Нов индиски брод заробен од пирати
Нов индиски товарен брод кој пловел под знамето на Дубаи е заробен од сомалиските пирати во близина на Могадишу, што е деветто киднапирање од неделата до сега, соопшти Здружението на трговија и морнарица од Гуджарат.
Нов индиски товарен брод кој пловел под знамето на Дубаи е заробен од сомалиските пирати во близина на Могадишу, што е деветто киднапирање од неделата до сега, соопшти Здружението на трговија и морнарица од Гуджарат.Како што соопшти Касам Али кој е претседател на Здружението за трговија и морнарица индискиот брод бил со 11 морнари, а киднапирањето било забележано од друг брод кој бил во сопственост на истата компанија.Ова киднапирање е извршено само ден по претходното киднапирање на брод со стотини морнари./крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Партијата на Трудо избира нов лидер на 9 март
Либералната партија на канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо доцна вчера објави дека ќе избере нов лидер на 9 март, пред овогодинешните избори, за кои анкетите покажуваат дека рејтингот на партијата е значително ослабен. Трудо пред четири дена најави дека ќе поднесе оставка како лидер на владејачката Либерална партија и премиер по девет години на власт, но вети и дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не избере замена.
Канадскиот премиер се најде под силен притисок од пратениците на либералите да поднесе оставка поради предизборните анкети кои сугерираат дека партијата ќе биде цврсто поразена на следните избори. „Либералната партија на Канада ќе избере нов лидер на 9 март и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година“, се вели во соопштението на партијата.
Националниот управен комитет на партијата синоќа официјално се состана за да разговара и да ги утврди првичните правила на претстојната лидерска трка. Лидерското гласање ќе заврши на 9 март, а истиот ден ќе биде објавен и новиот лидер, велат оттаму.
Ова значи дека 53-годишниот Трудо сепак ќе биде премиер на 20 јануари, кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини за Канада кои би можеле да ја осакатат економијата, ќе ја преземе функцијата. Трамп, исто така, рече дека може да употреби економска сила за да ја направи Канада 51-та држава на САД, што канадскиот лидер жестоко го отфрли.
Свет
Пожарникарите на Лос Анџелес уништуваат патишта за да го прекинат протокот на гас до пожарот
Службите во Алтадена во близина на Лос Анџелес ги уништуваат патиштата за да го запрат протокот на гас и да спречат ширење на пламенот.
Пожарот опустоши над 13.000 хектари во предградието на Лос Анџелес. Работниците работат деноноќно за да го запрат протокот на гас.
Катастрофалните пожари во областа на Лос Анџелес уништија повеќе од 10.000 објекти и загинаа најмалку 10 луѓе. Пожарите се уште се активни, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.
Свет
Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го коментираше предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд, повлекувајќи паралели меѓу планот и руската анексија на неколку украински региони.
Русија долго време се обидува да ги оправда своите анексии на украинските региони Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје во септември 2022 година пред меѓународната заедница. Песков во својот коментар истакна дека Русија внимателно ги следи случувањата околу изјавите на Трамп за Гренланд, автономен остров под суверенитет на Данска, кој е стратешки важен поради неговата локација во Арктичкиот круг и богатството од природни ресурси.
Песков им рече на новинарите дека американскиот претседател треба да ја земе предвид волјата на жителите на Гренланд, правејќи паралела со односот на Русија кон жителите на регионите незаконски анектирани од Русија.
„Од Вашингтон доаѓаат различни изјави за почитување на мислењето на населението. Ако зборуваме за важноста да се слуша народот, треба да запомниме дека се грижевме и за жителите на четирите нови региони на Руската Федерација“, рече Песков.