Uncategorized
Зајакнува притисокот врз Мјанмар да се отвори за хуманитарната помош
Помошта за околу2,5 милиони луѓе кои настрадаа во циклонот Наргис што ја погоди азиската државаМјанмар денеска полека пристигнува, а се поголем број дипломати се обидуваат даја уверат хунтата да прими хуманитарна помош од широки размери.
Помошта за околу2,5 милиони луѓе кои настрадаа во циклонот Наргис што ја погоди азиската државаМјанмар денеска полека пристигнува, а се поголем број дипломати се обидуваат даја уверат хунтата да прими хуманитарна помош од широки размери.
Светската програма за храна наОбединетите нации (ОН), која што го организира доставувањето на меѓународнатапомош, соопшти дека во Мјанмар пристигнале ориз и грав за 212 илјади од 750илјади луѓе за кои се смета дека им е најпотребна храната по циклонот што јапогоди државата на 2. мај.
„Тоа не е доволно. Постојат многулуѓе кои се уште не добиле никаква помош и поради тоа нашите екипи работат безпрекин“, изјави претставникот на Програмата за храна на ОН; Маркус Приор.
Во циколонот Наргис загинаа иисчезнаа најмалку 134 илјади луѓе. Експертите за катастрофи сметаат дека бројотна жртви би можел драматично да порасне поради одбивање на мјанмарските властида ја отворат државата за меѓународната хуманитарна операција од широкиразмери, како онаа по цунамито пред три години.
Дипломатите, од мјанмарските властибараат послободен пристап за хуманитарните летови.
Државната телевизија на Мјанмар восаботата ги отфрли како неточни извештаите на светските медиуми дека владата неправи доволно да им помогне на своите граѓани.
/крај/хи/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.