Uncategorized
Продолжува израелската офанзива врз Либан
Израел продолжи ноќеска со воените дејствија врз Либан, извршувајќи жестоки напади врз повеќе цели.
Израел продолжи ноќеска со воените дејствија врз Либан, извршувајќи жестоки напади врз повеќе цели.
Најмалку три лица загинаа, а 55 се повредени, при израелски напади врз јужните делови Бејрут. каде е стациониран Хезболах.
Израелската влада доцна синоќа одржа вонредна седница, на која премиерот Ехуд Олмерт нареди да се продолжи со жестоки напади врз Либан.
Како што јавуваат агенциите сите продавници и ресторани во Бејрут се затворени, а туристите се обидуваат да се евакуираат.
Утринава израелските воздушни сили, го нападнаа и главниот автопат со кој Бејрут се поврзува со сирискиот главен град Дамаск, по што автопатот е непрооден.
Преку 50 либански цивили се загинати досега во израелската офанзива, која започна во средата, додека најмалку двајца израелци загинаа а над 100 се ранети во одговорот на либанските герилци. Тие истрелаа повеќе ракети од типот „каќуша“ врз северниот израелски град Хаифа.
Нападот врз третиот по големина израелски град за владата на Израел претставува ескалација на конфликтот, по што владин претставник на прес конференцијата го употреби зборот „војна“.
Аналитичарите стравуваат од проширување на конфликтите и вклучување на Сирија, која е главен спонзор на шиитската група „Хезболах“.
Претседателот на Иран, Махмуд Ахмадинеџат утринава предупреди дека доколку Израел ја нападне Сирија, тоа ќе претставува напад врз сиот исламски свет, што ќе предизвика соодветна реакција.
Израелските операции ги осудија Европската унија, Русија и арапските земји, а официјален Вашингтон повика на воздржаност.
/крај/бг/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.