Uncategorized
Европа по ирското “не“
Европа неделава ќе се обиде да ги собере “политичките парчиња“ по одбивањето на Ирска да го усвои Лисабонскиот договор.
Европа неделава ќе се обиде да ги собере “политичките парчиња“ по одбивањето на Ирска да го усвои Лисабонскиот договор.
Ваква оценка денеска објави Интернет страницата “ЕУобсервер“, осврнувајќи се на високиот процент на одзив и серија други причини за ирското “не“, додавајќи дека најверојатно тешко ќе се најде “излезна стратегија“.
Други држави-членки на ЕУ, во моментов, инсистираат ратификацијата на договорот да продолжи, и покрај ирското одбивање. Сепак, тие веќе ставија на знаење дека очекуваат од ирската Влада да дојде на Самитот на лидери на ЕУ неделава, и да даде одговори.
Словенечкото претседателство со ЕУ соопшти дека на овој состанок, ќе побара објаснување од ирскиот премиер Брајан Коен “за причините зошто Договорот беше одбиен од ирскиот народ“.
Европската комисија (ЕК) речиси целосно даде до знаење дека ова е повеќе проблем на Даблин, отколку на ЕУ.
“Референдумот е повеќе прашање на национална одговорност“, изјави претседателот на Комисијата Хозе Мануел Баросо по гласањето, посочувајќи дека “нашите ирски пријатели, секогаш велеа, дека тоа е национална кампања“.
Ирска, во меѓувреме, призна дека ќе биде под голем притисок за да најде решение и побара од Европа да не ја изолира.
“Треба да разговараме во име на солидарноста и соработката со сите држави-членки, и да видиме дали можеме да најдеме начин да одиме напред, бидејќи всушност, нема очигледно решение пред нас“, изјави ирскиот премиер Брајан Коен во интервју за државното радио РТЕ.
Франција, од друга страна, повика ратификацијата на Договорот да продолжи.
“Другите мора да продолжат со ратификација…за да ирскиот инцидент не стане криза“, изјави францускиот претседател Николас Саркози.
Но, сите држави мора да ја ратификуваат Спогодбата од Лисабон за да документот стапи на сила. Претставникот на либералите во британската администрација и експерт по уставни прашања посочува дека сите обиди да се најде некакво полулегално решение се “бесмислица“.
“Сите сме заглавени во Договорот од Ница“, изјави тој, сумирајќи ја ситуацијата по ирското “не“.
Најочигледниот начин за излез е повторно гласање за да се види дали Ирците ќе кажат “да“, предлог што го посочи францускиот министер за европски прашања.
Сепак, се чини дека ирската Влада нема да може да го преземе овој потег, што го потврди и ирскиот министер одговорен за евроинтеграции Конор Ленихан.
/крај/еу/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

