Црна хроника
Исчезнале тројца млади
Во последните два дена, имало три одделни пријави за исчезнати лица, односно, роднини бараат едно малолетно девојче од струмичко, едно момче од Скопје и една девојка од Битола.
Во понеделникот, околу 7.30 часот од својот дом во непознат правец се оддалечило седумнаесетгодишно девојче од село Пиперово, струмичко. Во вторникот, во 15 часот во полициска станица во Чаир, М.И. (49) од Скопје пријавил дека на 05.04.2015 година околу 23 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син И.И. (20). Исто така во вторникот во 21.30 часот во полицијата во Битола, К.Н. (51) од Битола пријавил дека истиот ден околу 11 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.Н. (25). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

