Uncategorized
Полјаците на предвремени парламентарни избори
Ветувањата заекономско чудо и за враќање на трупите од Ирак по се изгледа најавуваат победана опозицијата на денешните предвремени парламентарни избори во Полска.
Ветувањата заекономско чудо и за враќање на трупите од Ирак по се изгледа најавуваат победана опозицијата на денешните предвремени парламентарни избори во Полска.
Во своето последно обраќањепремиерот Јарослав Качински се извини поради грешките на неговата Влада, но гиповика гласачите да ја поддржат неговата борба против корупцијата.
„Ништо не може да биде полошо одвраќањето кон политиките на 90-те години кога само интересот на елитата значешенешто“, рече Качински, претседател на партијата „Право и правда“.
Неговиот противник Доналд Туск одлибералната Граѓанска платформа ја заврши кампањата со пораката дека Владататребало да се концентрира на економијата, а не на корупцијата, објави Јуроњуз.
Тој рече дека Премиерот повеќепреферирал одмазда кон виновните, отколку да се обиде да ги промени работите наподобро.
Полска мина низ период на економскираст, но и на нестабилна влада. Изборите беа свикани откако владеачкатакоалиција се распадна по истрага за корупција.
Анкетите на јавното мислењепокажуваат дека владеачката партија заостанува помеѓу 4 и 17 проценти задопозиционата Граѓанска платформа.
/крај/е/ам/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.