Uncategorized
Германија ќе го одржи бројот на население со помош на имигранти
Германија бројот на населението ќе може да го одржи единствено преку зголемено населување на имигранти, проценува Сојузниот државен институт за статистика во Висбаден.
Германија бројот на населението ќе може да го одржи единствено преку зголемено населување на имигранти, проценува Сојузниот државен институт за статистика во Висбаден.
Институтот, истакнува дека бројот на жителите во Германија е во опаѓање, што се поврзува со зголемената стапка на морталитет. Минатата година умреле 140.000 луѓе повеќе отколку што се родиле, а бројот на новороденчиња во 2005 година е за 20.000 помал од оној во 2004 година.
Од Институтот сметаат дека морталитет во однос на наталитетот би бил уште поголем, доколку минатата година не се вселиле 100.000 повеќе жители, отколку што се отселиле.
Експертите проценуваат дека единствено со населување на нови имигранти, ќе може да се одржи државната конституција и нивото на државни активности.
Минатата година во Германија стапи на сила нов доселенички закон со кој се зајакнува интеграцијата на високообразовните кадри доселени во Германија.
Но, како што наведува Институтот за статистика, тој закон не ги донел очекуваните резултати.
Демографите сметаат дека за т.н. атрактивни имигрантски групи, составени од високообразовани и материјално ситуирани луѓе, сè уште попривлечни се САД, Канада или Австралија.
/крај/хи/ам
/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.