Uncategorized
Парламентарни избори во Палестина
Околу милион и 400 илјади избирачи од Западниот брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим денеска ќе гласаат на парламентарните избори во Палестинската автономија, јавуваат израелските медиуми.
Околу милион и 400 илјади избирачи од Западниот брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим денеска ќе гласаат на парламентарните избори во Палестинската автономија, јавуваат израелските медиуми.
Владејачкиот Фатах и исламското движење Хамас ја завршија предизборната кампања со размена на тешки зборови, но и со напомена за можна меѓусебна соработка доколку се остварат предизборните прогнози и никој не освои апсолутно мнозинство.
Според предизборните анкети Хамас и Фатах се изедначени, но, бидејќи на изборите учествуваат и девет помали партии, можно е никој да не освои апсолутно мнозинство, односно 67 од 132 места во Парламентот.
Претставниците на Хамас најавија дека и во случај на победа не сакаат сами да владеат и дека се подготвени на Фатах да му понудат формирање на коалициона влада.
Во евентуалната коалициона влада Хамас, како што е навестено, би ги барал Министерствата за здравство, образование и социјална заштита, додека на Фатах би му ги препуштил контактите со Израел, вклучувајќи ги и мировните преговори.
И покрај најавите за евентуална коалициона влада, Хамас нема намера да се разоружа се додека не заврши израелската окупација.
Доколку на денешните избори победи Фатах, малку е веројатно дека ќе дојде до коалиција со Хамас без посебни гаранции дека ова радикално движење нема да ги блокира мировните преговори со Израел.
Палестинскиот претседател Махмуд Абаз неодамна изјави дека доколку по изборите не биде во состојба да ги продолжи преговорите со Израел, ќе поднесе оставка.
Палестинците денеска ќе гласаат на 1.000 изборни места, а меѓународната заедница испрати 900 посматрачи.
/крај/б/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.