Uncategorized
Нов рекорд на цената на нафтата – 78 долари за барел!
Цената на нафтата од типот „Брент“ утрово на берзата во Лондон за прв пат ја надмина границата од 78 долари за еден барел
Цената на нафтата од типот „Брент“ утрово на берзата во Лондон за прв пат ја надмина границата од 78 долари за еден барел.
Литар нафта од типот „Брент“ изутрината на берзата во Лондон, во 07,15 минути по локално време се продаваше по цена од 77,94 долари за барел, за испорака во месец август. Цената на нафтата преку електронско тргување достигна 78,03 долари за барел.
Оваа историска цена на нафтата е предизвикана од затегнатоста на блискиот исток, предизвикана од израелската интервенција во Либан и нуклеарната програма на Иран.
Неизвесно е како ќе реагира њујоршката берза, која се отвора во 14 часот по средноевропско време. Доцна синоќа пред затворањето на трговската берза во Њујорк, еден барел лесна сурова нафта се нудеше по цена од 78,40 долари за испорака во месец август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија, протестот продолжува кон Обвинителството
Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука.
Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“ и „Правда за Фросина!“.
„Секој еден може да е следен“ порачаа насобраните граѓани пред Законодавниот дом, додавајќи „Нема правда, нема мир“.
Родителите на Фросина и натаму се во првиот ред.
Оттука тие ќе се упатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе завршат пред Кривичниот суд.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.