Uncategorized
Кратка биографија: Лучиано Павароти
Една од најголемите фигури во оперскиот свет Лучиано Павароти почина изутрината на 71.годишна возраст по тешка битка со ракот на панкреас.
Една од најголемите фигури во оперскиот свет Лучиано Павароти почина изутрината на 71.годишна возраст по тешка битка со ракот на панкреас.
Павароти е роден во италијанскиот град Модена, на 12.октомври 1935 година, како единствено дете на пекар.
Како мал, повеќе го интересирало фудбал од музика, добивајќи локална слава како член на градската фудбалска екипа.
Прв пат пропеал во градскиот хор со својот татко, кој инаку бил голем љубител на операта и талентиран тенор-аматер.
Одлуката да продолжи да се занимава со музика ја донел откако градскиот машки хор Rossini доби прва награда на меѓународен натпревар.
Неговото професионално деби се случи на 29.април 1961 година, толкувајќи ја тенор-улогата на Родолфо во операта на Пучини La Boheme, во оперската куќа во Reggio Emilia. По италијанскиот успех, следат ангажмани во Амстердам, Виена, Цирих и Лондон.
Во 1965 година го имаше американското деби со Џоан Сатерланд што ќе се покаже како почеток на едно историско партнерство.
Токму во САД, во 1972 година, Павароти продуцираше еден од своите легендарни настапи. Во њујоршката Metropolitan Opera со леснотија испеа девет “високи Це“ тонови што предизвика ерупција на овации меѓу публиката.
Неговите плочи станаа “Best sellers“ покривајќи широка лепеза од оперскиот репертоар како и антологии на италијански песни.
Меѓутоа, славата на Павароти драматично ќе се зголеми при учеството на еден од најмаркантните концерти на класична музика за време на Светскиот куп во 1990 година – како еден од трите тенори.
Тој, со Хозе Карерас и Пласидо Доминго, пееја познати арии и популарни песни. Настапот предизвика рекорден “скок“ на музичките листи и еден од најпродаваните класични дискови на сите времиња.
Неговиот концерт во 1992 година во лондонскиот Хајд Парк, во присуство на принцот и принцезата од Велс, Чарлс и Дајана, беше прв класичен концерт во историјата на паркот каде се собраа околу 150 илјади лица.
Во јуни 1993 година, повеќе од 500 илјади фанови се собраа да уживаат во неговиот перформанс во Централниот парк во Њујорк. Тој септември, пееше и во “сенката“ на Ајфеловата кула во Париз пред околу 300 илјади негови обожаватели.
Голем број на симпатизери на “класичниот“ свет го критикуваа зошто одржува концерти на отворено, но дел од нив го бранеа со тврдењето дека прави многу вредна работа за популаризација на операта – им овозможува на обичните луѓе, во живо да ги слушнат “историските“ гласови.
Во март 2004 година, Павароти го одржа својот последен настап со улога во “Тоска“ на Пучини, во њујоршката опера, каде доби 11-минутни овации од публиката.
Подоцна истата година, ја најави својата последна турнеја низ 40 градови.
/крај/ббц/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

