Свет
Отворена меѓународната конференција за Авганистан

Под силни безбедносни мерки денеска во Кабул се одржува Меѓународна конференција за Авганистан, на која учествуваат преку 60 делегации на земји донатори.
Под силни безбедносни мерки денеска во Кабул се одржува Меѓународна конференција за Авганистан, на која учествуваат преку 60 делегации на земји донатори.
Конференцијата се оценува како највисок меѓународен состанок било кога организиран во авганистанската престолнина, а се одвива под целосна мобилизација на авганистанската војска и трупите на НАТО.
Во нацртот на завршниот документ, како што пренесува агенцијата Асошиејтед прес, се предвидува до 2014. година постепено на авганистанските власти да им се пренесе одговорноста за безбедноста на земјата.
Авганистанската влада и меѓународната заедница треба да се договорат за тоа која авганистанска провинција ќе биде подготвена за целосна авганистанска контрола и кога.
Најавено е присуство на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки мун, на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, на американската државна секретарка Хилари Клинтон, како и на делегации од повеќе од 60 земји. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.
Свет
Хамас ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за Газа

Хамас денеска ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за прекин на огнот во Газа, вклучувајќи го отворањето на границата, почетокот на реконструкцијата, воспоставувањето администрација и повлекувањето на Израел.
Борбите во Газа во голема мера престанаа, според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го потпишаа медијаторите Египет, Катар и Турција.
Но, следните фази беа запрени, делумно поради обвинувањата од Израел дека милитантите биле премногу бавни во предавањето на телата на заложниците.
Израел вчера објави дека се подготвува повторно да го отвори граничниот премин Рафа со Египет, но не одреди датум, обвинувајќи го Хамас за кршење на примирјето. Неисполнетите елементи на планот се разоружувањето на милитантите и идната администрација на Газа.
Хамас соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот и предавањето на преостанатите тела, но дека тоа е процес што одзема време.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.