Свет
Двајца професори суспендирани преку брза пошта
Професорите
Томе Наумов и Веселин Талевски со 20 години стаж на Високата медицинска школа,
од завчера се под суспензија, која им ја изрече в.д. директорката Снежана
Стоилова.
ПРЕСМЕТКИ ВО ВИСОКАТА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА ВО БИТОЛА
Пеце
Стефановски
Професорите
Томе Наумов и Веселин Талевски со 20 години стаж на Високата медицинска школа,
од завчера се под суспензија, која им ја изрече в.д. директорката Снежана
Стоилова.
– Ова е обид за наше заплашување поради инволвирање на политика во која е
договорено да се протуркаат кадровски решенија по мера на таа политика за избор
на професори и директор на школата – беше речено на вчерашната
прес-конференција.
Зад суспендираните професори застанаа осуммина од вкупно дванаесет члена на
наставно-научниот совет.
– Решенијата ги добивме по брза пошта дома, што е вистински скандал.
Суспензијата е поради некаква наша непослушност, во делот што со Уставот и со
закон ни е загарантирано како академска слобода. Стоилова има задни цели и
направи голем стрес во нашите семејства. Намерата е да го растурат единството
на колективот и да го намалат цензусот со двајца професори помалку, за да
изберат директор со нелегални студенти и со фалсификат – рече професор д-р Томе
Наумов.
Тој најави отворање бела книга поради замешаноста на политичките влијанија на
овој случај. Зад суспендираните професори вчера застанаа уште тројца професори
и претставниците на студентската организација, која својот легитимитет мораше
да го добие по судски пат, иако в.д. директорката Стоилова го оспорува судското
решение.
– Нивното дејствување штетно влијае врз угледот на Високата медицинска школа.
Тие ја опструираа мојата работа и работата на Наставничкиот совет. Едниот од
студентите третпат запиша прва година, а другиот седум години е тука. Судот ги
немаше предвид овие околности и затоа го призна нивното здружение – рече вчера
Стоилова.
Студентите, пак, застанаа зад суспендираните професори.
– Ние сме легитимни претставници на студентската организација и членови на
наставничкиот совет, за што добивме решение од судот. Врз нас се вршат
притисоци, меѓутоа нема да попуштиме и правдата ќе се истера докрај – вели
претседателот Александар Митревски.
Кавгата почна пред шест месеци, кога за директор беше избран професорот Веселин
Талевски, во втор мандат. Изборот му го оспори ректорката Виолета Пановска
Бошкоска, поради нелегитимноста на студентските претставници во советот. Поради
тоа, судски спор поведоа Талевски и студентските претставници, а Пановска за
в.д. директор ја назначи Снежана Стоилова. Во меѓувреме, наставничкиот совет по
три месеци избра директор, а ректорката Пановска на Стоилова и даде уште еден
в.д.-мандат. Професорите повторно извршија избор на директор, назначувајќи го
за прв човек на школата професорот д-р Томе Наумов, а Пановска повторно го
оспори. Двете страни тврдат дека законот е на нивна страна. Наумов и неговите
истомисленици ја обвинија Пановска дека ја нарушува автономноста на
универзитетот и дека дозволила таму да влезе политиката на НСДП и влијанието на
вицепремиерот Живко Јанкуловски. Суспензијата дојде како кулминација на
пресметките помеѓу двете страни, во кои студентите се најдоа на средина. Сега
во школата владее голема поделеност, а директорката Стоилова ја чуваат
телохранители од агенција за обезбедување
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина ги обвинува САД дека украле 13 милијарди долари во биткоини
Кина ја обвини американската влада дека хакирала биткоин-новчаници и украла криптовалути вредни 13 милијарди долари.
Локална безбедносна фирма тврди дека нападот бил државно организиран, но според анализата на CryptoSlate и документите на американското Министерство за правда, станува збор за искористување безбедносна ранливост во софтвер, а не за државен хакерски напад.
Во декември 2020 година од новчаници поврзани со кинескиот рударски базен LuBian исчезнале 127.000 биткоини. Подоцна, истите средства се појавиле во новчаници под контрола на американските власти, кои тврдат дека тоа е дел од истрага за перење пари поврзана со кинескиот бизнисмен Чен Жи и Prince Group.
Аналитичарите наведуваат три можни сценарија: криминална група ја искористила ранливоста; средствата биле внатрешно префрлени во мрежата на Prince Group; или, како што тврди Пекинг, САД го извеле нападот и го прикажале како законска заплена – теза за која нема технички докази.
Свет
Мерц обвинет за пренасочување на парите за одбрана, за финансирање на поголем социјален буџет
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со обвинувања од економските институти и централната банка дека пренасочува милијарди евра од новиот државен долг, наменет за инвестиции во одбраната и инфраструктурата, за финансирање на поголем социјален буџет и тековни расходи, што, според нив, ризикува „поткопување на конкурентноста на Германија“ наместо да го стимулира растот на БДП.
„Бундесбанк“ и два економски институти предупредија дека значителен дел од планираното дополнително владино задолжување веројатно ќе се искористи за области што треба да се финансираат од редовниот буџет, вклучувајќи даночни олеснувања и субвенции, според „Фајненшл тајмс“.
По победата на федералните избори во февруари, Мерц постигна договор со социјалдемократите и Зелените за ублажување на уставното ограничување за задолжување, познато како „кочница за долг“, за инвестирање во инфраструктура и одбрана.
Новите одредби отворија можност за дополнителни инвестиции до 1.000 милијарди евра во овие две области во текот на следната деценија, што, според очекувањата, треба да го стимулира растот на бруто домашниот производ (БДП) по четири години стагнација, анализираат медиумите.
Институтот за економија од Келн, кој е финансиран од здруженија на работодавачи, изрази загриженост, наведувајќи дека најмалку 40 проценти од планираниот дополнителен долг до 2029 година ќе се користи за покривање на дефицитот во редовниот буџет.
Коалицијата на канцеларот Мерц користи „цела низа механизми за заобиколување“ за да ги заобиколи правилата што диктираат дека дополнителниот долг мора да биде насочен кон нови инвестиции во одбраната и инфраструктурата, според соопштението.
„Оваа буџетска игра ризикува да ја поткопа идната конкурентност на Германија“, рече економистот Тобијас Хенс.
„Бундесбанк“ претходно предупреди дека дополнителното задолжување „се користи во значителна мера за создавање фискален простор“, што значи дека долгот ќе расте „без соодветно зголемување на одбранбениот капацитет и инфраструктурата“.
Централната банка прогнозира дека буџетскиот дефицит на Германија ќе се зголеми на 3,5 проценти од БДП следната година, а потоа ќе достигне околу 4 проценти, од приближно 2 проценти во 2025 година.
Министерот за финансии на покраината Баден-Виртемберг, Дањал Бајац (Зелените), оцени дека Берлин „во голема мера ги надминува политички договорените ограничувања“ на новите правила за задолжување, нарекувајќи го тоа „дрзок потег“ што ги намалува очекуваните позитивни ефекти врз економскиот раст.
„Голем дел од парите одат на мерки што не ја зајакнуваат нашата инфраструктура или конкурентност“, рече Бајац.
На барање за коментар, федералното Министерство за финансии објави дека сите буџети до 2029 година ќе бидат во согласност со правилата дефинирани со уставниот амандман, според кои најмалку 10 проценти од основниот буџет мора да се користат за инвестиции, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија
Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“.
Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.
🇬🇪🇦🇿🇹🇷 TUAF543 | Turkish Air Force C-130 (reg. 68-01609) Aircraft tracked departing Ganja earlier today, later signal lost over Georgian territory.
Footage below apparently shows the crash of the same aircraft, currently under verification. pic.twitter.com/1Qjt0FiBtY
— Visioner (@visionergeo) November 11, 2025
Воените товарни авиони Ц-130 се широко користени од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.
Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Снимките покажуваат како авионот остава трага од бел чад зад себе.
Фото: принтскрин

