Uncategorized
ЕП 2012 во Полска и Украина

Полска и Украина ќе бидат заеднички домаќини на Европското фудбалско првенство во 2012 година.
Полска и Украина ќе бидат заеднички домаќини на Европското фудбалско првенство во 2012 година.
Одлуката денеска ја донесе Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА), на состанокот во Кардиф, Велс.
Покрај Полска и Украина, заедничка кандидатура поднесоа Хрватска и Унгарија, а за домаќин на ЕП 2012 се надеваше и Италија.
Заедничките домаќини на ЕП 2012 како градови за одигрување на натпреварите ги предложија Гдањск, Познан, Варшава и Вроцлав, од полска страна, и Киев, Доњецк, Днипропетровск и Лвов од украинска.
Натпреварите во Гдањск треба да се играат на „Балтик арена“ што треба да биде изградена до 2010 година, а ќе има капацитет од 44,0000 седишта.
Стадионот „Мунисипал“ во Познан се реконструира и треба да има капацитет од 46,000 седишта.
Во Варшава се гради нов стадион што треба да биде завршен до 2009 година со капацитет да прими 70,000 гледачи.
Во тек е реконструкција и на олимпискиот стадион во Вроцлав, кој од сегашните 10,000 треба да биде проширен на 45,000 седишта.
Финалето на ЕП 2012 ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, чијшто капацитет по реконструкцијата ќе биде намален 84,000 на 75,000 седишта.
Во Днипропетровск се гради стадион со капацитет од 33,000 места, а треба да биде завршен до средината на оваа година.
Натпревари од ЕП 2012 ќе се играат и на ултрамодерен стадион што до крајот на идната година треба да биде изграден во Доњецк, како и во Лвов кадешто се планира реконструкција на постојниот или изградба на нов стадион со капацитет од 40,000 седишта.
Како резервни градови Полска ги предложи Хорзов и Краков, а Украина Одеса и Харков.
Следното Европско првенство во фудбал, во 2008 година ќе се одржи во Австрија и Швајцарија.
/крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Макрон најави забрана за социјалните мрежи за деца под 15 години

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.
Одлуката следува по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученици врз 31-годишен директор на училиште пред основно училиште во градот Ножан.
„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пишува Политико од Брисел.
Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на возраста би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.
Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.
Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на страниците што продаваат ножеви преку интернет.
Тој најави големи казни и забрани за страниците што не се придржуваат.
„15-годишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.
Францускиот премиер, Франсоа Бајру, претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на ножеви на малолетници.
Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како страници со содржина за возрасни.
Uncategorized
Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.
Оваа одлука следеше по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученик врз 31-годишен училишен надзорник пред основно училиште во градот Ножан.
„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пренесува бриселски „Политико“.
Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на старосната граница би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.
Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.
Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на веб-страниците што продаваат ножеви преку интернет.
Тој најави големи казни и забрани за сајтовите што не се придржуваат.
„Петнаесетгодишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.
Францускиот премиер Франсоа Баиро претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на какви било ножеви на малолетници.
Француските власти веќе преземаат чекори за да ги обврзат платформите како што се Ix, Reddit и Bluskaj да применуваат проверки на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.
Во Франција, на 7 јуни, стапија во сила мерките што ги обврзуваат порнографските сајтови да ја потврдат возраста на корисниците.
Како резултат на тоа, сајтот „Pornhub“ престана да работи во земјата, што предизвика ненадејно зголемување на употребата на VPN услуги што ја заобиколуваат геолокацијата, пренесува Танјуг.
Uncategorized
(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.
„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.
Ukrainian warriors destroyed the russian Iskander missile systems 🔥
One russian missile launcher detonated, and two more were likely damaged.
The results of the strike are being clarified.📹: @GeneralStaffUA pic.twitter.com/ufP92F8SQX
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 5, 2025
Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.