Свет
Ал Каеда ги повикува на џихад муслиманите до Западот
Глобалната терористичка мрежа Ал Каеда објави нова видео снимка направена по ликвидацијата на нејзиниот водач Осама бин Ладен, на која муслиманите коишто живеат на Запад се повикуваат на џихад „на непријателската територија“
Како што објaви американскиот Центар за следење на исламистичките интернет страници (SITE Intelligence Group), снимката од два дела којашто вкупно трае еден час и четириесет минути, содржи обраќање на Ајман ал-Завахири, еден до најблиските соработници на убиениот лидер Осама бин Ладен, и Американецот Адам Гадахан кој се јавува како портпарол на Ал Каеда.Муслиманите на Западот се „најпогодни за пресудната улога во џихадот против ционистите и крстоносците“, изјавил Гадахн на англиски јазик.Како што пренесува натаму SITE, тој рекол и дека муслиманите во САД во продавниците можат како и секој друг многу лесно да набават автоматско оружје а притоа да не мора да ја покажат личната карта. „Битно е да ја ослабиме желбата на нашите кукавички непријатели за војување, така што ќе ги напаѓаме влијателните јавни личности во ционистичките и крстоносните медиуми, владите и стопанствата“, додал Гадахн.Како што наведува натаму американскиот ресурс за следење на исламистичките радикални страници, снимката со заглавие „Одговорни сте само за себе“, ја направил Ас-Сахаб, секторот на Ал Каеда за медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека во Нук ја потврдил „непоколебливата“ поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на своите граѓани, а Данска е негов гарант. Се придружувам на гласот на Европејците во изразувањето на нашата целосна солидарност“, рече Макрон на Икс.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на почетокот на својот втор претседателски мандат, во јануари оваа година, изјави дека има намера да го преземе Гренланд, наведувајќи ја како објаснување неговата стратешка позиција за безбедноста на Соединетите Американски Држави, додека Данска, која ја контролира таа арктичка територија во последните 300 години, одби да се откаже од Гренланд, пренесува Танјуг.
Трамп се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв претседателски мандат, но данската и гренландската влада ја отфрлија таа понуда од 2019 година, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
Орбан: Големата лага за Украина се распаѓа во Западна Европа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека големата лага во врска со финансирањето на Украина се распаѓа во Западна Европа нагласувајќи дека јавното мислење почнува да се менува и дека граѓаните стануваат сè посвесни за реалните последици од ваквите политики.
Во објава на социјалната мрежа X, Орбан изјави дека, и покрај сегашната ситуација, сè уште постои надеж за решение на конфликтот. Според него, преговорите меѓу Русија и САД би можеле да доведат до прекин на огнот, па дури и до траен мир со учество на Украина.
„Во меѓувреме, во Западна Европа се разоткрива голема лага: финансирањето на овој конфликт навистина има финансиски последици. Со воведувањето закони и мерки јавното мислење се менува. Луѓето, а не елитите, ќе ја спречат Европа да влезе во војна“, рече унгарскиот премиер.
Неговата изјава доаѓа во време кога Европската Унија не успеа да постигне договор за заем за Украина, кој би бил гарантиран со замрзнати руски средства. Белгија, во чии институции се наоѓа најголемиот дел од овие средства, побара Унијата да ги сподели финансиската одговорност и потенцијалните трошоци за правните тужби што Русија би можела да ги поведе.
Потоа Брисел одобри пакет од 90 милијарди евра финансиска поддршка за Киев, кој ќе биде обезбеден преку заем од буџетот на Европската Унија.
Фото: депозитфотос
Регион
Вучиќ: Имаме договор за продолжување на снабдувањето со гас
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека Србија има договор со Русија за продолжување на снабдувањето со гас за уште три месеци.
Вучиќ, откако им додели договори за работа на најдобрите дипломирани студенти на медицинските факултети и средните медицински училишта, изјави дека нема да има проблем со снабдувањето со гас до 31 март.
„Имаме договор за продолжување на снабдувањето со гас за уште три месеци, до 31 март, за луѓето да може да бидат безбедни и мирно да спијат“, рече Вучиќ.
Како што додаде, Србија ќе има електрична енергија и доволно гас за претстојната зимска сезона.
Тој изјави дека има информации оти претставници на „Газпром“ разговараат за продажба на акции во НИС, меѓу другите, со унгарската национална компанија МОЛ и дека српското раководство нема ништо против тоа.
„Унгарците се наши пријатели и тоа е во ред. Само да завршиме што е можно повеќе пред 15 јануари. Бидејќи мора да имате предвид дека сè оди совршено и дека немаме никаков проблем со, да речеме, секундарни санкции, а имаме и ќе имаме. И дека немаме никаков проблем со баржи, возови и камиони, дека увезуваме, да речеме, дизел – не можеме да увезуваме 6.000 тони дневно, што ги трошиме. Значи, само сакам да ви кажам дека тоа е невозможна мисија“, рече Вучиќ како одговор на прашањето дали има информации дека се водат преговори меѓу унгарскиот МОЛ и „Газпром“.
Како што рече, само прашање на време е кога и на кој начин ова ќе мора да се промени бидејќи денес е точно 75-тиот ден откако ниту една капка сурова нафта не влегла во Србија.
„Горд сум на Србија, горд сум на граѓаните на Србија. Да бидеме фер кон себе еднаш. Дали некогаш сте замислиле дека е можно Србија да не добие ни капка нафта 75 дена и да нема метеж никаде, никој да не носи кофи или нешто слично, 75 дена, тоа не се седум дена. Да имаме толку многу резерви, да сме толку подготвени за сè и да сме се однесувале толку сериозно и одговорно“, нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека ако нема решение, приказната за НИС ќе заврши како што рече претходно – дека државата ќе го преземе НИС и ќе им плати на Русите за нивниот дел.
„Значи, и тој датум (15 јануари) се приближува, се надевам дека ќе се најдат решенија пред тоа, ако не, што треба да правиме“, рече Вучиќ, објави „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

