Uncategorized
СЗО-Непотребно масовното погребување на Филипините
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е непотребно масовното погребување на жртвите од минатонеделниот тајфун на Филипините.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е непотребно масовното погребување на жртвите од минатонеделниот тајфун на Филипините.
„Епидемиите не избиваат спонтано по катастрофите и труповите нема да доведат до катастрофална епидемија“, се вели во соопштението на советникот за итни состојби и хуманитарно делување при СЗО, Арт Песиган.Според него, преживеаните, а не мртвите, се поверојатен извор на епидемии доколку властите не се погрижат за важните прашања, како чистата вода.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин

