Uncategorized
Башески: Ги повикувам сите релевантни институции да извршат увид
Директорот на Филмски фонд, Дарко Башески денеска ги повика сите надлежни институции да извршат контрола на неговата работа во Филмскиот фонд.
Директорот на Филмски фонд, Дарко Башески денеска ги повика сите надлежни институции да извршат контрола на неговата работа во Филмскиот фонд.
Од моја страна ќе направам се да се расчисти состојбата, посебно затоа што бев обвинуван дека стојам зад проневера на пари. Функцијата во Еуроимаж е волонтерска. Моја грешка е што не сум следел. Барам да се расчисти се и да се направи евиденција. Во моментов замрзнати се сите исплати“, истакна Башески.
Башески беше обвинет за проневера на европски пари за филмови. Претставникот во „Еуроимаж“ со чиј потпис се добиваат парите за прикажување на филмови, вели дека потпишувал верувајќи им на дистрибутерите дека ќе ги прикажат филмовите со носење на плакати.
Повикувајќи се на Законот за Филмски фонд тој вели дека фондот ја следи состојбата со дистрибуцијата и киноприкажувачката мрежа во Македонија, но дека ја нема надлежноста над киносалите и над дистрибутерите.
„Следењето на состојбата со дистрибуцијата и киноприкажувачката мрежа во Македонија до октомври 2010 година воопшто не постоеше никаде, а во Филмскиот фонд беше практично неизводливо, бидејќи имаше само тројца невработени. Кога филмскиот фонд се доекипира со уште три нови вработувања, од октомври 2010 една од вработените во фондот започна комуникација и прибирање на извештаи за прикажување на филмовите од дистрибутерите и киноприкажувачите со цел следење на состојбата со дистрибуцијата и киноприкажувачката мрежа“, образложи Башески.
Од зачленувањето во Еуроимаж за поддршка за дистрибуција се јавиле 13 дистрибутери, меѓу кои С.В РСА, МКЦ, Манаки Филм, Цинестар, КТ филм и Медија, Висат Медија, Фидалго Филм, Симплисити, Катавеј. Спорни се Медија фактори кој во 2008 и 2009 година добил поддршка за дистрибуција на седум филма, а само два се прикажани, Еуро филм од 2007 добил поддршка за дистрибуција на 13 филма од кои пет се прикажани, за осум нема потврда, а за два филма е изгубена добиената поддршка, Арена филм од 2008 добил поддршка за дистрибуција на 23 филма- 11 се прикажани, за 12 нема потврда и за два фима е изгубена добиената поддршка, Балкан филм од 2008 добил поддршка за дистрибуција на 33 филма, 14 се прикажани, а за 19 нема потврда.
Од изнесените податоци станува збор за проневерени околу 200 илјади евра.
Башески информираше дека во координација со Еуроимаж ќе размисли за покренување на кривични пријави против дистрибутерите./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

