Uncategorized
По 14 години укината забраната за вградување на силикони во САД
Употребата на силиконски имплатанти во козметички цели може слободно да се користи во САД, по четиринаесет годишна забрана.
Употребата на силиконски имплатанти во козметички цели може слободно да се користи во САД, по четиринаесет годишна забрана.
Ваква одлука донесе американската Агенција за храна и лекови (ФДА), која соопшти дека клиничките испитувања не пружиле докази за штетност на силиконите.
Оваа врховна американска институција, без чие аминување не може да се пушти во употреба ниту еден прехрамбен производ или медикамент, во 1992 година воведе забрана за употреба на силиконски влошки, поради информациите дека употребата на силиконски имплатанти може да предизвика рак.
Зголемувањето на дојките е една од најпопуларните операции во многу земји во светот. Еден од најголемите производители, компанијата „Ментор“ наведува дека во над милион жени во светот ги има вградено нивните производи.
ФДА сепак наложи спроведување на опсежна истрага, во која што во наредните десет години ќе бидат набљудувани 40.000 жени со вградени имплатанти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.