Свет
Британија е за проширување на ЕУ

Велика Британија се противи на „вештачката пауза“ во проширувањето на Европската унија (ЕУ) и сите држави кои што ги исполнуваат условите за членство имаат право да бидат членки.
Велика Британија се противи на „вештачката пауза“ во проширувањето на Европската унија (ЕУ) и сите држави кои што ги исполнуваат условите за членство имаат право да бидат членки.Ова денеска во Белград го изјави британскиот министер за европски прашања Дејвид Лидингтон.„Ја отфрламе идејата дека после приемот на Хрватска треба да постои некаква вештачка пауза во процесот на проширување. Веруваме дека секоја европска држава, која ќе ги исполни критериумите за влез во ЕУ, треба да има право да влезе во унијата, доколку така решат владата и народот на таа држава“, изјави Лидингтон.Тој по средбата со српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ истакна дека го дели мислењето на Европската комисија за направените реформи на Србија во евроинтеграциите, но и дека Белград треба да направи напредок во регионалната соработка, особено кога станува збор за Косово.Лидингтон ја советуваше Србија дека треба да ги зајакне реформите во правосудство, администрацијата и економијата, да примени посилни мерки за борба против корупцијата, како и да ја зголеми транспарентноста, пренесе Бета. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.
Свет
Хамас ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за Газа

Хамас денеска ги повика медијаторите да ги забрзаат следните фази од договорот за прекин на огнот во Газа, вклучувајќи го отворањето на границата, почетокот на реконструкцијата, воспоставувањето администрација и повлекувањето на Израел.
Борбите во Газа во голема мера престанаа, според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го потпишаа медијаторите Египет, Катар и Турција.
Но, следните фази беа запрени, делумно поради обвинувањата од Израел дека милитантите биле премногу бавни во предавањето на телата на заложниците.
Израел вчера објави дека се подготвува повторно да го отвори граничниот премин Рафа со Египет, но не одреди датум, обвинувајќи го Хамас за кршење на примирјето. Неисполнетите елементи на планот се разоружувањето на милитантите и идната администрација на Газа.
Хамас соопшти дека останува посветен на договорот за прекин на огнот и предавањето на преостанатите тела, но дека тоа е процес што одзема време.