Uncategorized
Лидерите на ЕУ за обновување на енергијата
Прашањето дали Европа треба да се посвети на обновување на енергијата доминира на Самитот на Европската унија (ЕУ) каде европските лидери, денеска и в петок, ќе дискутираат за климатските промени.
Прашањето дали Европа треба да се посвети на обновување на енергијата доминира на Самитот на Европската унија (ЕУ) каде европските лидери, денеска и в петок, ќе дискутираат за климатските промени.
Според најавите, се очекува министрите да изразат поддршка за намалување на емисиите на јаглеродиоксид за 30 проценти до 2020 година, и покрај противењето на некои партнери, како што се САД.
“ЕУ има цврста, независна посветеност да постигне редукција од најмалку 20 проценти на ефектите од стаклената градина до 2020 година, споредбено со 1990“, се наведува во нацрт-заклучоците од Самитот.
Сепак, аналитичарите проценуваат дека е можно одложување на главната политичка битка поради различните ставови на државите-членки, а Комисијата би предложила одредени “технички“ критериуми по ова прашање.
Париз, на пример, бара поголема поддршка на сопствената продукција на нуклеарна енергија, за која вели дека е со “низок степен“ на ефекти од стаклената градина и дава голем придонес во борбата против глобалното затоплување.
Од друга страна, блокот на бившите комунистички држави, сега членки на ЕУ, сметаат дека редукцијата од 20 проценти е невозможна цел за нивните економии кои се обидуваат “да фатат чекор“ со Западот.
Според агендата, лидерите на ЕУ ќе ги разгледуваат и плановите на САД за изградба на антиракетен штит во Полска и Чешка, што некои држави го гледаат како “непотребен антагонизам“ кон Русија.
/крај/ео/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.