Uncategorized
Промоција на поетската книга „Ветер и магла“ во Мала станица
Утре, 26 мај, со почеток во 20 часот, во Арт кафе во Мала станица ќе биде промовирана поетската книга на Јовица Ивановски, „Ветер и магла”, нов (дваесетти по ред) наслов во едицијата Бореа на Блесок
Книгата „Ветер и магла” е осма книга на Јовица Ивановски кој, во бурното раздобје на транзицијата, внесе свеж, неконформистички дух на книжевната сцена во Македонија и неодминлив, урбан егзистенцијализам. „Тој го промовира Скопје како поетски топоним на беспоштедната транзициска оптика – отуѓено, валкано, иритирачко, билбордизирано, достојно за пцости. Кафулето во неговите стихови стана поетски хронотоп, азил за сопствените мераци, именител на минливоста и миговноста на секојпат ограниченото, секојпат отруено од некого и нешто – задоволство. Најновата книга на Ивановски е показател на еден генерациски препознатлив синдром – длабока и сеопшта криза на вредностите, револт кон времето и стареењето, неприфаќање на голата егзистенцијална пресуда. Балканштината како однадвор наметната нихилистичка енигма.Неговата реторика е колоквијална, честопати жаргонска, до гола кожа пробивна, питка, приемчива. Читкоста на овие песни е обратно пропорционална со нивната зајадлива острина и духовита резигнација.Како песните да ни бидат утеха, кога животот е полн со деманти? Ништо не е залудно, додека има(ме) созвучник во душата, до болка натежната од прашања. Кои животот го прават возбуда, непокор, предизвик.Додека има(ме) Поезија, која музицира по раните. Лековит отров. Живот на квадрат!“ – од рецензијата на Елизабета Шелева.Книгата ќе ја претстават Елизабета Шелева и Ане Тунтев, а песни ќе читаат авторот и Игор Исаковски. Јовица Ивановски е роден 1961 год. во Скопје. Автор е на книгите: „Зошто мене ваков џигер“ (Пропаганда – 1995 год.); „Градот е полн со тебе“(Зумпрес – 1997 год); „Чуден некој сончев ден“ (Форум – 1999 год.); „Три напред три назад“ (Три – 2004 год.); „Двоен албум“ – двокнига составена од книгите „Сладолед во недоглед“ и „Во сенката на билбордот“ (Блесок – 2005 год.); „Стремеж за дремеж“ (Блесок – 2007 год.); „Open the window and let the city breath a little“ – избор на англиски јазик (2002); Избрани песни на македонски јазик (Блесок 2003 – електронско издание); Избрани песни на англиски јазик (Блесок 2003 – електронско издание).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

