Uncategorized
Неформален состанок на министрите на ЕУ
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска на неформален состанок ќе разговараат за новиот договор на ЕУ, како и за Косово.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска на неформален состанок ќе разговараат за новиот договор на ЕУ, како и за Косово.
Станува збор за неформален состанок што се одржува двапати годишно во земјите што заседаваат со Унијата, а денешниот состанок ќе се одржи во португалскиот град Виана до Кастело.
Состанокот ќе биде прва можност за политичка дебата за работата околу изработката на новиот договор на ЕУ, што би требало да го замени пропаднатиот европски устав, отфрлен на референдумите во Холандија и Франција.
На денешниот состанок ќе присуствува и Волфганг Ишингер, претставник на ЕУ во меѓународната тројка во преговорите за Косово.
Прашањето за статусот на Косово за ЕУ претставува „врел компир“, бидејќи нема целосна согласност околу статусот на покраината.
Мнозинството членки на ЕУ го поддржуваат американскиот став за независност на Косово, додека одделни членки имаат разбирање за Србија.
Утре министрите ќе расправаат за односите со Русија, а високиот претставник за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана ќе ги информира министрите за состојбите на Блискиот Исток.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земјата.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Uncategorized
„Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи кон иднина што ги надминува историските предизвици и ја прифаќа колективната европска судбина“, Муртезани на БИФ форумот во Подгорица
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На панелот со тема „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, министерот Муртезани се осврна на комплексниот евроинтегративен пат, кој има огромно политичко и економско значење за Западен Балкан.
„Овој процес, кој ја поврзува иднината на нашиот регион со визијата за обединета Европа, не е само бирократска вежба на исполнување зададени обврски; туку е чисто политички потфат. Претставува егзистенцијален избор, кој има за цел да ги преструктуира општествата, да поттикне стабилност и да ги вгради начелата на демократијата, владеењето на правото и заедничкиот просперитет во ткивото на нашите нации.“ – нагласи Муртезани.