Македонија
Изгласано формирањето на комисија за утврдување на избирачкиот список
Без опозицијата и без поддршка од ДУИ, пратениците денеска ја изгласаа одлуката за формирање на повремена комисија за утврдување на состојбата на избирачкиот список.
Без опозицијата и без поддршка од ДУИ, пратениците денеска ја изгласаа одлуката за формирање на повремена комисија за утврдување на состојбата на избирачкиот список.
И покрај барањето од опозицијата, комисијата да биде формирана надвор од Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со 61 глас „за“, ја поддржа одлуката за формирање на комисијата која треба да работи на целосно прочистување на избирачкиот список. По основањето на комисијата, предвидено е во рок од 20 дена таа да достави извештај до Собранието.
Комисијата се состои од претседател и десет члена.
Претседател на комисијата ќе биде координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова. Членови на повремената комисија се Горан Мисовски од НСДП, Имер Али од ДПА, Роза Топузова Каревска од ЛДП , Флора Кадриу од Нова демократија , Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Тахир Хани од ДУИ, Талат Џафери од ДУИ, Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија на Македонија и Кенан Хасипи претседател на Демократската партија на Турците во Македонија./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

