Uncategorized
Стотици руски војници се борат со нафтената дамка во Црното море
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/d13030e1-a36b-4da0-b6f8-af00f64dc657.jpeg)
Повеќе стотици руски војници се ангажирани во чистење на брегот на Црното море по испуштањето 2,000 тони мазут при несреќата на танкер во неделата.
Повеќе стотици руски војници се ангажирани во чистење на брегот на Црното море по испуштањето 2,000 тони мазут при несреќата на танкер во неделата.
Руските власти соопштија дека се уште има опасност од „еколошка катастрофа“.
Теснецот Керч, каде се случи несреќата на рускиот танкер Волганефт – 139, ги раздвојува Црното море и Азовското море и е важна зона за птиците преселници.
„Ги чистиме брегот и морето, и ја црпиме преостаната нафта од танкерот оштетен во невремето“, изјави вториот човек на руската Агенција за еколошки надзор Олег Митвол.
Тој наведе дека за чистење на брегот се мобилизирани околу 700 лица, од кои 500 војници.
„Доколку дамката од 2,000 тони мазут напредува кон Азовското море, ќе има тешки последици за животната средина. Нејзиниот еко состав е кревок“, посочи Митвол.
Судбината на 20 морнари кои се водат за исчезнати по несреќата во неделата на вкупно пет теретни бродови е се понеизвесна, додека телата на преостанатите тројца морнари се извадени.
/крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);