Uncategorized
ЕУ ги затвора вратите по Бугарија и Романија

Пред договор за европскиот устав не само што не ќе биде можно идно проширување, туку ни нови ветувања за полноправно членство – потврдија Баросо и Меркел.
Пред договор за европскиот устав не само што не ќе биде можно идно проширување, туку ни нови ветувања за полноправно членство.
Ова, како што пренесува Макфакс, го порачаа синоќа од Берлин претседателот на Европската комисија Жозе Баросо и германскиот канцелар Ангела Меркел, на конференција за иднината на ЕУ.
“Без нови институционални рамки, по приемот на Бугарија и Романија, нема да има нови приеми во полноправно членство”, изјави Баросо на конференција организирана од германската фондација “Бертелсман”.
Баросо рече дека Европа треба да е способна да донесува одлуки, да има потранспарентни институции, како и кохерентна надворешна политика.
Тој изрази надеж дека значајни исчекори во процесот на прифаќање на Европскиот устав ќе бидат направени уште во првата половина на следната година, за време на претседавањето на Германија со Европската унија.
Канцеларот Меркел најави дека Германија на крајот на шестмесечното претседавање ќе понуди документ насловен “Берлинска повелба”, што би требало да послужи како “едноставна структура” во натамошната процедура за донесување на заедничкиот устав.
Меркел, притоа, отфрли можност за започнување нови пристапни преговори за полноправно членство во ЕУ. ”Нашата основна задача е да спречиме блокада на работата на институциите”, рече Меркел.
За преговорите што веќе се започнати, Меркел рече дека тие би можеле да завршат, откако ќе бидат исполнети сите услови, но оти за полноправно членство на тие земји, при што се мисли на Хрватска и на Турција, важен критериум ќе биде способноста на ЕУ за ново проширување, на начин како што е тоа дефинирано во Повелбата од Копенхаген. Како дополнителен услов за Турција, Меркел го наведе решавањето на кипарската криза.
Францускиот премиер Доминик де Вилпен, во обраќањето на форумот “Бертелсман”.изјави дека негативниот исход на референдумот за европскиот устав во Франција не значи и “не” на Европа.
Како придонес за јакнење на европската улога во светот, Де Вилпен предложи интензивирање на таканаречената “енергетска дипломатија”, чија цел би било јакнење на врските на ЕУ со важните извозници на енергенти, како Русија, Норвешка или Азербејџан.
Меѓународниот форум “Бертелсман”, што претставува редовен годишен собир на водечките европски и светски претставници на политичкиот, економскиот и јавниот живот, завршува денеска со говор на поранешниот американски министер за надворешни работи Хенри Кисинџер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин
Uncategorized
Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.
Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.
Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.
Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.