Забава
Кинезите ќе се “борат“ за жени

Во Кина се родиле дури 32 милиони повеќе машки од женски деца, поради селективните абортуси, а последиците од таа нерамнотежа ќе се чувствуваат со десетлетија
На мажите, во иднина, ќе им наметне живот на самци или “борба“ за жени, предупредуваат научниците. Во повеќето земји во светот природно се раѓаат повеќе машки деца отколку женски, во сразмер од 103 до 107, наспрема 100. За разлика од оваа статистика, во Кина, како и во другите азиски земји опседнатоста со синови е традиција. Со новата технологија, која овозможува рано откривање на полот на детето во стомакот на мајката, ултразвучната дијагностика и евтините абортуси, произлезе и нерамнотежата, која е вон контрола благодарение.Политиката на едно дете, што со десетлетија се спроведува, иако не се применува подеднакво строго во сите региони е дополнителен проблем за Кина.Професорите Веи Ксинг Цу и Ли Лу од универзитетот Цејианг, како и Тереза Хескетс од универзитетот од Лондон, утврдиле дека само во 2005 година во Кина се родени 1,1 милион повеќе машки отколку женски деца. Најголема нерамнотежа постои меѓу децата на возраст до четири години бидејќи во таа група се раѓале 124 момчиња, а во руралните подрачја и 126 момчиња на 100 девојчиња. Кога ќе се одлучат за второ дете, кинеските родители, ја губат финансиската помош, а во некои покраини, второ дете е дозволено само ако првото е женско. Како можно решение стручњаците наведуваат строга забрана на селективни абортуси, додека други бараат ублажување на политиката „едно дете“. Во извештајот, научниците не се занимаваат со последиците од оваа нерамнотежа, но владата од 2000 година започна кампања “засилена грижа за девојчињата“. Експертите тврдат дека во Кина треба да се примени јужнокорејскиот модел. Имено, во 1992 година, во Јужна Кореа, нерамнотежата во корист на машките деца била 229 момчиња на 100 девојчиња, поради што властите започнаа силна кампања на сензибилизација за важноста на женските деца. Како резултат, до 2004 година, нерамнотежата се намалила на 110 момчиња на 100 девојчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.