Спорт
Антиќ блиску до Топ 16, дебакл на Илиевски, прв пораз за Барселона
Перо Антиќ и Олимпијакос се на само еден чекор од пласманот во Топ 16 фазата во Евролигата. Олимпијакос во деветтото коло, во А групата, забележа убедлива победа над Канту од 86:61, со што стигна до петтата евролигашка победа.
Перо Антиќ и Олимпијакос се на само еден чекор од пласманот во Топ 16 фазата во Евролигата. Олимпијакос во деветтото коло, во А групата, забележа убедлива победа над Канту од 86:61, со што стигна до петтата евролигашка победа. Перо Антиќ во победата на Олимпијакос партиципираше со 8 поени, 6 скока и една аситенција, капитенот на македонската репрезентација на паркетот мина 21 минута. Олимпијакос во последното коло пласманот во следната рунда ќе треба да го завери на гостински терен во Нанси. Оваа екипа ги загуби сите шанси за пласман во следната фаза, а и тимот не е ист по враќањето во НБА лигата на Николас Батум и Рони Туријаф. Во вториот натпревар од групата Фенербахче загуби на домашен терен од Билбао и под голем знак прашалник го стави својот настап во Топ 16 фазата. Билбао во Истанбул го одигра својот најдобар натпревар сезонава, на моменти баскијците водеа и со 25 поени, за конечен триумф од 70:80. Фишер со 16 и Гримау со 13 поени го предводеа Билбао до мошне значајната победа.Билбао во последното коло ќе ја пречека Каха Лаборал, додека Фенербахче ќе има тешко гостување кај Канту. Бросе Баскет и Жалгирис во Б групата го одиграа клучниот меч за пласман во следната рунда. Жалгирис во Германија победи со 68:82. Бросе Баскет и Жалгирис се во игра за четвртото место во Б групата, двата тима по девет кола имаат по три победи и шест порази, но литванскиот тим е поблиску до Топ 16 бидејќи во последното коло ќе го пречека Загреб, а Борсе Баскет ќе му гостува на Панатинаикос. Анадолу Ефес и Владо Илиевски претрпеа катастрофа во Тел Авив од Макаби. „Гордоста на Израел“ победи со 96:57, клучи на за победата на Макаби беа третата и четвртата четвртина кои ги добија со 29:15 и 31:11. Репрезентативниот плејмејкер Илиевски мечот го заврши со скромни два поени Дербито во Д групата се одигра во Сиена, каде Монтепаски, без својот најдобар играч, Бо Мекејлеб, и го нанесе првиот пораз на Барселона. Монтепаски победи со 77:74, во еден исклучително квалитетен меч, во кој екипата од Сиена во последниот период успеа да анулира негатива од 12 поени. Бековите Ракочевиќ (21 поен), Арадори (20 поени) и Зисиз (16 поени) го водеа Монтепаски до победата. Пласманот во Топ 16 фазата го потврди Уникс, на Мајк Вилкинсон. Натурализираниот Македонец мечот го заврши со 5 поени и 3 скока. Уникс го растури Проком со 68:41, во натпревар во кој полскиот тим во првото полувреме постигна само 11 поени (шест во првата и пет коша во втората четвртина). Уникс на овој начин го постави нов дефанзивен рекорд во Евролигата, во регуларниот дел од сезоната, претходниот го држеше ЦСКА Москва, русите во 2003 година во дуелот со Крка примија само 14 поени во првото полувреме. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

