Спорт
Голеада во северен Лондон
Дожд од голови имаше во северен Лондон на натпреварот Арсенал против Блекбурн, а Челзи беше поуспешен од Ливерпул на Стемфорд Бриџ.
Вкупно осум гола беа постигнати на натпреварот Арсенал-Белкбурн, во еден од најинтересните натпревари на колото. Сепак, Белкбурн беше тој кој го отвори резултатот рано уште во 4-та минута, преку голот на Зонзи а Вермален израмни на 1:1. Дејвид Дан во 30-та минута погоди за водство на Роверсите, но тоа беше се од нив. На сцена стапи Арсенал и до крајот на натпреварот Пoл Робинсон пет пати мораше да ја вади топката од својот гол. Најпрво Робин ван Перси израмни, а само неколку минути подоцна Аршавин го доведе Арсенал во водство, а резултатот само го зголемуваа Фабрегас, Вокот и Бендтнер.Челзи е на врвот на табелата во англиската премиер лига благодарение на победата над Ливерпул од 2:0.Долго време му требаше на Челзи да го скрши мразот,а тоа конечно се случи во 60-та минута со голот на Николас Анелка а Малуда во судиското продолжение само ја направи победата поубедлива.Манчестер Јунајтед со автоголот на Антон Фердинанд кон самиот крај на натпреварот стигна до конечни 2:2 во натпреварот против Сандерленд. Фулам и со десет играчи успеа да земе бод од гостувањето против Вест Хем. Карлтон Кол погоди за „Чеканите“ а Фулам по исклучувањето на Дикгачои успеа да постигне два гола . Дени Мафри од пенал во 47-та минута и Гера во 57-та, но Станислас не дозволи изненадување па во судиското продолжение погоди за конечни 2:2. Истиот конечен резултат беше и на натпреварот Болтон против Тотенхем. Хрватското дуо Нико Крањчар и Ведран Чорлука му обезбедија еден бод на Тонехем на гостувањето против Болтон.Нерешен резултат од 1:1 имаше и во Ливерпул во натпреварот Евертон против Стоук каде двата гола беа постигнати за пет минути.Портсмут конечно стигна до првата победа во сезоната. Минимално со голот на Јебда го совлада Вулверхемптон. Барнли го совлада Бирмингам со конечен резултат 2:1, а истиот резултат беше и на натпреварот Хал Сити против Виган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

