Спорт
Стартуваше македонската регата на Јадранот
Шеснаесет брода од едриличарскиот клуб Пампур составени исклучиво од македонски екипаж, денеска ја започнаа регатата на Јадранското море, јави репортерот на Макфакс.
Бродовите испловија на отворено море од марината Каштела, близу Сплит, со што го започнаа својот тренинг, денеска на поволни временски услови, за разлика од изминатите неколку дена, кога имаше силна бура на Јадранот.Првите неколку дена од регатата Пампур е резервирана за тренинг на екипажите, додека два дена се натпреварувачки.Почетокот на натпреварот е на Островот Вис во правец на Милна (Брач) со должина од 25 наутички милји, и соодветно до Пакленски Острови на Хвар со дополнителни 25 наутички милји.”Ова е најмасовниот собир на македонски морепловци досега. Поради масовноста на екипажи, годинава воведовме две класи на бродови, до 45 фита и бродови чија големина престига 45 фита. Како и секоја регата, особено внимание посветуваме на безбедноста на екипажот и ги преземавме сите мерки на заштита. Наредните неколку дена се резервирани за тренинг при што ќе се вежбаат поморските вештини како и тактичко техничко подготовки за официјалниот натпреварувачки дел од Регатата”, изјави претседателот на едриличарскиот клуб Пампур, Александар Пајковски.Директорот на регатата пак, Коце Петров изјави дека е пријатно изненаден од натпреварувачкиот дух на сите екипажи годинава.
„Оваа регата ќе биде неизвесна до самиот финиш. Се радувам на доброто време кое ни претходи, но доколку условите се промената на лошо, маршутата на регатата ќе се ревидира и адаптира на временските услови кои ни претстојат. Секако прва мисла ни е безбедноста на сите учесници на регатата“, објасни Петров.Репортерот на Макфакс е приклучен кон екипата Вертиго Вејв, која плови со 15 метарска едрилица и која воедно е еден од судиските, односно регатните бродови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.