Контакт

Uncategorized

Тужба против македонските власти поради киднапирањето на Ел Масри

Објавено пред

Скопскиот адвокат Филип Медарскипланира со тужба да ги принуди македонските власти да признаат дека тајнатаслужба на државата учествувала во киднапирањето на германскиот државјанин КаледЕл Масри.

dobivaj vesti na viber

Скопскиот адвокат Филип Медарскипланира со тужба да ги принуди македонските власти да признаат дека тајнатаслужба на државата учествувала во киднапирањето на германскиот државјанин КаледЕл Масри.

Оваденеска го објави германскиот неделник “Шпигел“, каде се додава дека Ел Масрибил неправедно затворен, а потоа бил префрлен во Авганистан од страна на ЦИА.

Германецотсо либанско потекло Ел Масри бил киднапиран на 31, декември 2003 на влез воМакедонија, а според негови тврдења, македонските сили за безбедност потоа гопредале на претставници на ЦИА, кои што до 23. јануари го држеле во еден хотел.

Спореднаводите на Ел Масри „уште на аеродромот вон Скопје“и подоцна во хотелот бил„тепан и понижуван“.

Управникотна американскиот затвор во Авганистан во мај 2004 година, кога Ел Масри бил пуштенна слобода, му рекол дека дошло до забуна на името.

ПотоаЕл Масри бил префрлен во Албанија, каде со врзани очи бил оставен на пат воблизина границата со Македонија. Таму го пронашле војници и го испратиле до Тирана,од каде со авион бил префрлен во Германија.

„Шпигел“денеска објави дека македонската тајна служба негира дека имала било какваврска со киднапирањето.

Весникотпосочува дека официјалната верзија на властите во Скопје е дека Калед ел Масрија напуштил Македонија „неколку дена откако стигнал во државата и тоа по копненпат, како што и стигнал“.

АдвокатотМедарски, наведува „Шпигел“, сега сака со тужба против непознати лица одМинистерството за внатрешни работи, да издејствува, оние кои учествувале вокиднапирањето да бидат пронајдени и да дадат изјави.

Освентоа, бара на сведочење да се обврзат и вработените во хотелот „Скопски мерак“,кои морале да видат дека нивниот гостин бил затворен в соба три седмици, кадебил чуван и сослушуван. Голем дел од персоналот на хотелот, како што наведувагерманскиот неделник, по овој случај е сменет.

Доколкуодлуката на Обвинителството во Скопје биде негативна, адвокатот Медарскинајавил дека случајот ќе го предаде на Меѓународниот суд за човекови права воСтразбур, објави „Шпигел“.

/крај/бе/амп

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот

Објавено пред

Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.

dobivaj vesti na viber

За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку

Објавено пред

Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.

dobivaj vesti na viber

Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.

Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.

Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога

Објавено пред

Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.

dobivaj vesti na viber

Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.

Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.

„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.

На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.

„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.

Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.

Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.

„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Мајка на загинато дете од „Пулс“: 63 сенки ќе ги следат обвинетите засекогаш, контрадикторно е што никој не се изјасни за виновен

Пред судот денес зборуваше Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков, која реагираше на однесувањето на обвинетите на минатото рочиште....

Македонија29 минути

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија1 час

Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет3 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа4 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет4 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет5 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет5 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет5 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет5 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија16 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија23 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија24 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија1 ден

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија1 ден

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ1 ден

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет1 ден

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...