Uncategorized
Третина од Германките не раѓаат деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/c40d8973-da9e-4e9f-a3b3-300bbb366206.jpeg)
Третина од германските жени не раѓаат или не можат да имаат деца, што според оценка на експертите може да доведе до изумирање на нацијата – пишува денешен Дејли Телеграф.
Третина од германските жени не раѓаат или не можат да имаат деца, што според оценка на експертите може да доведе до изумирање на нацијата – пишува денешен Дејли Телеграф.
Весникот наведува дека овие статистички податоци ја натерале канцеларот Ангела Меркел, прирастот на населението да го стави во врвот на својата внатрешно-политичка агенда.
Весникот наведува дека трендот на намалување на природниот прираст од година на година бележи надолна линија.
Ваквиот тренд според некои посматрачи се должи на одбивањето на младите луѓе да се откажат од лагодниот живот. Други пак, тврдат дека германското општество очекува од жените да седат дома и да растат деца, а дека помошта што ја добиваат од државата е недоволна.
Покрај ова, весникот одбележува уште една карактеристика за Германија која би можела да го објасни трендот – децата одат на училиште со навршени седум години, просечното време на студирање трае десетина години, што придонесува просечната дипломирана студентка да има доцни дваесети години од животот, по што приоритет и е вработувањето и кариерата, наместо семејството.
/крај/ббц/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Монографија за Питу Гули од Кочо Топузоски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/thumbnail_PituGuli.jpg)
Во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, излезе од печат монографија за Питу Гули, историографски труд од познатиот македонски писател и публицист Кочо Топузоски.
Книгата е објавена во знак на одбележување на 120 години од загинувањето на легендарниот војвода од Мечкин Камен, Питу Гули (1865-1903), чиј животен и револуционерен век се поклопува со најзначајниот период од борбата на македонскиот народ за самостојност и за создавање национална држава, познат во историските традиции како илинденска епопеја.
Монографијата се појави во едицијата „Сведоштва“ и таа донесува обемен историографски материјал од архивски карактер, потоа од спомени, од изворни семејни кажувања, а користени се и материјали од весници, списанија и зборници. Книгата располага со низа факсимили од оригинални и до сега непознати документи и фотографии.
Кочо Топузоски (1951) е автор на повеќе книги од областа на поезијата и историографијата. Меѓу нив се и: Ноќни делби, поезија (1975); Питу Гули – живот и потоа, историско – биографски осфрт (1995); Болна прелест, поезија (2003); Питу Гули – живот и потоа, дополнето издание (2003); Никола Карев – живот и потоа, монографија (2005); Никола Карев – патешествија низ документи, монографија (2008); Препознавања, поезија (2012); Војводата Питу Гули, монографија (2015); Посланија и риданија, поезија (2016); Нафора мугреница, поезија – избор на македонски, албански и влашки јазик (2017); Ветераните на Илинден, историографија (2017); И жега и река, поезија – избор (2020); Илинденската споменица, историографија (2023) и Питу Гули, монографија (2024).
Uncategorized
Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали, кои не работат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/taravari-2.jpg)
Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/417400123_1017893746366028_3755524781773534094_n.jpg)
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.