Контакт

Uncategorized

Овации за Симонт Трпчески во „Карнеги хол“

Објавено пред

Публиката на распродадениот концерт на македонскиот виртуз на пијаното Симон Трпчески во њујоршки Карнеги хол на нозе го поздрави неговото деби пред оваа пробирлива публика

dobivaj vesti na viber

Стоечки овации доби македонскиот пијанист Симон Трпчески на деби настапот во една од најпрестижните светски концертни сали – њујоршки Карнеги Хол. Добитната комбинација на нашиот пијанист, светската диригентка број 1, Марин Олсоп и носителот на Греми – Балтиморскиот симфониски оркестар, ја кренаа на нозе пребирливата публика на Карнеги Хол изведувајќи го Концертот за пијано и оркестар бр. 3 од С. Прокофјев. Диригентката Ослоп во изјавата за Македонското радио појасни: „Го поканив Симон за сите мои специјални изведби. Тој го направи своето деби со мене и во амстердамската сала „Концертгебау“ со тамошниот оркестар. Знаев дека ова сега е негово деби во Карнеги Хол и го поканив бидејќи сметам дека е феноменален пијанист, прекрасен музичар со големо човечко срце. Вечерва свиреше како што очекував – спектакуларно“ – оцени Марин Олсоп. Возбудата и задоволството од одличниот прием не ги криеше ни пијанистот Трпчески, кој подвлече дека уште не му се верува дека го имал своето деби во Карнеги Хол.„Бев почестен од поканата на Балтиморскиот симфониски оркестар и нивниот шеф-диригент Марин Олсоп да настапам со нив во оваа сала. По двата навистина успешни настапа во Балтимор, ова беше убаво заокружување на концертната серија. Салата беше распродадена и морам да кажам дека чувството е прекрасно, бидејќи се работи за една од најубавите и најпрестижни концертни сали во светот. Во секој случај дадов се’ од себе во изведбата на еден толку комплициран концерт каков што е третиот на Прокофјев. Навистина сум пријатно изненаден особено од фактот што ретко се случуваат стоечки овации од публиката што има можност буквално постојано да го слуша најдоброто од најдоброто. Ова е незаборавен момент од  мојот живот што ќе ме мотивира да се повтори чувството од публиката која практично ми се поклони на нозе“, подвлече Симон Трпчески во неговата изјава за македонските медиуми. На концертот присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски. Министерката Канческа Милевска изјави: „Огромно беше задоволството да присуствувам на Симон Трпчески во њујоршки Карнеги Хол. Посебно ми е драго што концертот беше многу успешен, со големи овации во преполнетата сала. Исто така, на концертот се надоврзаа и отворањето на големата изложба со 90 дела на Вана Урошевиќ во Македонскиот културен центар, како и концертот на Четкар во нашата амбасада во Вашингтон по повод празникот на благодарноста, со што сметам  дека овие неколку денови имавме успешна презентација на македонската култура и творештво во Соединетите американски држави“. Следна концертна дестинација на нашиот пијанист е Универзитетот во Чикаго на 19 ноември. Пред тоа, Трпчески заминува за Париз каде што ќе присуствува на свеченото доделување на престижните француски музички награди „Златен дијапазон“, за кои и самиот е номиниран со својот прв оркестарски компакт диск.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Објавено пред

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.

dobivaj vesti na viber

„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.

Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.

Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Објавено пред

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.

Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.

Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Објавено пред

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.

dobivaj vesti na viber

Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.

Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.

Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.

Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија47 минути

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза можат да посетат 129 дестинации

За прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД...

Македонија1 час

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет3 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на...

Европа3 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет3 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион3 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет15 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија20 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија20 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија21 час

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија23 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија24 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија1 ден

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет1 ден

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет1 ден

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет1 ден

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...