Uncategorized
Грузија се закани дека ќе го блокира влезот на Русија во СТО
Грузија се закани дека ќе го спречи влезот на Русија во Светската трговска организација (СТО), ако двете држави не успеат да се договорат за царинските прописи и не ги продолжат преговорите околу грузискиот извоз во Русија.
Грузија се закани дека ќе го спречи влезот на Русија во Светската трговска организација (СТО), ако двете држави не успеат да се договорат за царинските прописи и не ги продолжат преговорите околу грузискиот извоз во Русија.
Според официјален Тбилиси, Грузија е „заинтересирана за прием на Русија во СТО“, но “процесот ќе биде суспендиран“, доколку двете држави не постигнат договор.
Грузија бара од Русија да ја прекинe трговијата со нејзините одметнати региони, Абхазија и Јужна Осетија, и целата стока да поминува низ премините што ги контролира централната влада.
Барањето на Тбилиси беше објавено еден ден откако Русија ја обезбеди најважната билатерална спогодба за влез во СТО, односно согласноста на САД, со што ја отстрани последната пречка на својот 13.годишен пат кон зачленување во најголемиот трговски клуб на светот.
Русија, за да стане член на СТО, ќе мора да склучи договори со сите свои трговски партнери од Организацијата.
Грузија, која веќе склучи таков договор со Русија, навестува дека ќе ги преиспита условите за спогодбата поради, како што вели, нелегалната трговија и руската забрана на увоз на грузиско вино и минерална вода.
Москва, на почетокот од годинава, го забрани увозот, тврдејќи дека грузиските производи се лоши. Тбилиси, пак, тврди дека забраната е казна поради прозападната политика на Грузија.
/Крај/бе/ис/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.