Контакт

Свет

Струјата за „Силмак“ ни топи по 20 милиони евра

Објавено пред

Привилегираната цена на струјата што Владата му ја даде на „Силмак“ им јаде на граѓаните околу 22 милиони евра годишно.

dobivaj vesti na viber

ГРАЃАНИТЕ ОД СВОЈ ЏЕБ ЈА ПЛАЌААТ РАБОТАТА НА КОМБИНАТОТ ВО ЈЕГУНОВЦЕ

Привилегираната цена на струјата што Владата му ја даде на „Силмак“ им јаде на граѓаните околу 22 милиони евра годишно. Според енергетичарите, апсурдно е енергенсот за чиј увоз државата плаќа 55 евра по мегаватчас, на приватни компании да им го продава речиси тројно поевтино. Според груба пресметка, само годинава поранешниот „Југохром“ бара државата да му обезбеди околу 700 мегаватчаса електрична енергија. Ако се знае дека во наредните 12 месеци македонскиот електропреносен оператор МЕПСО ќе купува увозна струја за просечна цена од 55 евра по мегаватчас, тогаш лесно се пресметува бенефитот за „Силмак“. Разликата во цената, се разбира, ја плаќаат домашните потрошувачи. – Комбинатот ќе плаќа просечна цена од 22 евра за мегаватчас, а остатокот до 55 евра (од просечната цена на енергијата од увоз) што се множи со количествата што ги бара „Силмак“. Така се добива минус за државното салдо кој тежи 21 милиони евра – велат од „Електрани на Македонија“. Не се знае точно кој колку троши од увезената струја, но секогаш се земаат за репер количествата што државата ги набавува од увоз, бидејќи Македонија за огромни суми купува околу 30 отсто од годишните потреби. Токму тој процент (2,8 терават/часа) го побаруваат производителите од рангот на „Силмак“, „Фени“, „Макстил“ и уште седум капацитети од категоријата големи потрошувачи.

Од Владата неофицијално се правдаат дека капацитетот за феросилициум инвестирал во енергетска ефикасност и тоа било една од причините Јегуновце да добие евтина струја. Тоа не е доволно цврст аргумент за домашни енергетичари, бидејќи енергетска ефикасност подразбира подомаќинско трошење на струјата. Како што објаснува Владата, произлегува дека ем „Силмак“ разумно ја користи струјата, ем ја плаќа екстра поволно. – За сметка на бенефитот за приватниците, државата преку џебот на граѓаните ќе плаќа милионски суми. Од „Силмак“ лебот го вадат околу 1.020 вработени. Кога комбинатот не би работел, социјалната издршка (околу 4.000 денари) за целиот персонал државата годишно би ја чинела околу 850.000 евра – велат аналитичарите.

Според експертите, нелогичен е селективниот пристап едни да добиваат привилегии, а други да плаќаат поскапо. – Катастрофално е тоа што во година кога државата купува струја од увоз за просечна цена од 55 евра за мегаватчас, на „Силмак“ и на „Фени“ ќе им ја наплаќа двојно поевтино – изјави Влатко Чингоски, претседател на Здружението на енергетичари (ЗЕМАК), вработен во „Електрани на Македонија“. Разликата во цената е на товар на граѓаните и на претпријатијата, а средствата ќе се слеваат во приватни џебови, во случајов, кај газдите на привилегираните комбинати, тврди Чингоски. И за Пеце Недановски, продекан на Економскиот факултет во Скопје, одлуката нема економска оправданост бидејќи разликата во цената ќе ја плаќаат сите други потрошувачи.

Големите потрошувачи се класификувани во групата на оние што трошат или планираат да потрошат над 20 гигавати струја годишно. Од почетокот на годинава тие требаше за потребните количества струја, неопходни за процесот на производството, да склучуваат нови договори со државниот електропреносен оператор МЕПСО и да плаќаат според пазарни тарифи.

Антикорупциската комисија најави дека ќе ја преиспита владината одлука.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.

Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.

„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.

Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори

Објавено пред

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.

„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.

Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:

„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.

Прикажи повеќе...

Регион

На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ

Објавено пред

Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.

„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.

Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.

„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ4 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија4 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија5 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија6 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија6 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион7 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија8 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија8 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет8 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет8 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа9 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет9 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет9 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа9 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион19 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија19 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет22 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...