Контакт

Свет

CIA верува дека Бин Ладен се крие во Пакистан

Објавено пред

Директорот на американската разузнавачка агенција, Лион Панета, соопшти дека неговите аналитичари сметаат дека водачот на Ал Каеда се крие во Пакистан и дека ќе биде фатен во заедничките операции со пакистанската армија

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата во четвртокот, Лион Панета, кого претседателот Барак Обама го постави за прв човек на CIA, бил запрашан дали е сигурен дека Осама бин Ладен се крие во Пакистан, на што одговорил дека последните информации на разузнавачите го потврдуваат тој податок. Како што рекол Панета, пронаоѓањето на водачот на Ал Каеда е приоритет на Агенцијата.„Една од нашите надежи е дека кога Пакистанците воено ќе влезат во регионот, во заедништво со нашите операции, ќе имаме подобри шанси за негово пронаоѓање“, изјавил Панета.Панета додал дека Ал Каеда останува најголемата безбедносна закана за САД, а дека нејзините водачи, особено во Пакистан, продолжуваат со заговор против нив. Тој додал дека во Пакистан има повеќе луѓе кои доставуваат доверливи информации за Ал Каеда, но и дека CIA се концентрира во државите каде што оваа организација може да има засолништа, како што се Сомалија и Јемен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Со возило удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе со меч во Лондон, има повредени

Објавено пред

Неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени во нападот што се случи во североисточен Лондон во близина на фреквентна станица на метрото.

dobivaj vesti na viber

Како што објави SkyNews, маж кој носел меч најпрво удрил со своето возило во куќа, а потоа со мечот ги повредил минувачите и полицајците кои се обиделе да го задржат.

Се се случило околу 7 часот утринава, а на терен се голем број полицајци.

Метро станицата Хаинолт веднаш била затворена, пренесува Телеграф.

Прикажи повеќе...

Регион

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Објавено пред

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.

dobivaj vesti na viber

Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.

Колку бил силен,  сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.

„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија загуби стратешки важен остров

Објавено пред

Украина во неделата објави дека ја вратила контролата врз тактички важниот остров Нестрих. Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили, изјави за украинската радио станица Хромадске Радио дека контролата на островот во реката Днепар во регионот Херсон значително ќе ги зголеми контрадиверзантските мерки на Киев.

dobivaj vesti na viber

Откако рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во февруари 2022 година, неговите сили брзо зазедоа големи делови од Херсон. Сепак, Украина започна контраофанзива во регионот подоцна истата година во која нејзината армија го ослободи северен Херсон на десниот брег на Днепар. Оттогаш, украинските сили започнаа редовни напади преку реката, вклучително и воспоставување на повеќе мостови на источниот брег во есента 2023 година.

Плетенчук изјави за радио Хромадске дека островот Нестриха, кој се наоѓа на околу 20 километри југозападно од градот Херсон, има „тактичко значење“. Тој додаде дека „битни се сите локации кои го спречуваат непријателот да се приближи до позициите“.

„Со оглед на тоа што непријателот вообичаено користи слични локации (всушност има многу такви острови на реката Днепар) за да се доближи и да постави минофрлачи, тогаш ова е првенствено важно за квалитетот на антидиверзантските мерки“, рече Плетенчук. „Значи, да, ова место е исчистено од непријателско присуство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион49 минути

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет2 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија3 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Времето денес е сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб...

Македонија3 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија21 час

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија22 часа

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија23 часа

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа1 ден

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет1 ден

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...

Свет1 ден

(Видео) Десетици торнада ја опустошија Оклахома, четворица загинати, прогласена е вонредна катастрофа

Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада...

Свет1 ден

(Видео) Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Во голема експлозија во воена база во југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува „Скај...

Свет1 ден

Бела куќа: Бајден разговараше со Нетанјаху, ја повтори својата позиција за инвазијата во Рафах

„Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија2 дена

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет2 дена

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...

Македонија2 дена

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени,...

Македонија2 дена

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот...

Македонија2 дена

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст. Пролетниот распуст е воведен...