Македонија
Ратификуван договорот за демаркација на границата со Косово
Македонското Собрание го ратификуваше доцна синоќа договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово.
Македонското Собрание го ратификуваше доцна синоќа договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово.
Пратениците со 72 гласа „за“ и 11 против го изгласаа договорот, кој што вчера предизвика жестока дискусија меѓу опозицијата и власта во Парламентот.
Пратениците од опозицијата сметаат дека со договорот се крши македонскиот Устав, затоа што станува збор за менување на границата, со што на Косово му се отстапува македонска територија.
Тие бараа договорот да биде изгласан со 2/3 мнозинство и референдум на кој што ќе се изјаснат македонските граѓани. Опозицијата му забележа на премиерот Никола Груевски што не присуствуваше на денешната расправа во Парламентот.
Пратениците, претставници на владеачките партии, тврдат дека станува збор за балансирана корекција на границата, а не нејзино менување, поради што нема основа за одржување референдум.
Договорот за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово, вчера го ратификуваше и косовскиот Парламент, во рамки на второто гласање со 81 глас „за“, три против, додека двајца пратеници беа воздржани.
Постигнатиот договор за демаркација на границата ги отвора вратите за воспоставување дипломатски односи меѓу Македонија и Косово./крај/ап/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, соопшти ЈСП Скопје
Од ЈСП Скопје информираат дека во среда на 01.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од четврток на 02.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во среда на 01.01.2025 година билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од четврток 02.01.2024 година продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата на 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот.
Македонија
Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК
Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата.
Парична казна од 100 евра за лицата кои ќе бидат затекнати со стара возачка.
Граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи, согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата.
Во него беше предвиден рок од пет години за промена на документите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК, беше до 31 декември 2024 година.
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево и тивко со мала локална облачност
Времето денеска, наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла , а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.