Свет
Христовото воскресение е вистински случај
Папата Бенедикт 16. на општата аудиенција во Ватикан истакна дека Христовото воскреснување е „вистинско, историско случување”
Папата Бенедикт 16. на општата аудиенција денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан истакна дека Христовото воскреснување е „вистинско, историско случување”.
Папата изрази жалење бидејќи „денес е голем бројот на оние кои сакаат да ја негираат историската вистина на воскресението, сведувајќи го евангелското известување на мит и преземајќи и изнесувајќи веќе познати стари теории”.
„За нашата вера и за нашето христијанско сведочење темелна работа е да се говори за воскреснувањето на Исус од Назарет како за вистински, историски случај, што го потврдиле многу веродостојни сведоци”, рече Папата неколку дена по католичкиот Велигден.
„Исусовото воскреснување е темел на нашата надеж и светло кое го осветлува нашиот аџилак на земјата, па и човечката мистерија на страдањето и смртта”, заклучи римскиот првосвештеник./крај/хина/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Деветгодишниот Вукан и брат му Јован Вулетиќ се најмладите жртви од масакрот во Цетиње
Деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното убиство во Цетиње што го изврши Ацо Мартиновиќ (45), а најстариот е седумдесетгодишниот Радомир Марковиќ.
Во трагедијата загина и вујкото на момчето – Мирко Вулетиќ (45).
Според полицијата, Мартиновиќ убил четири лица во куќата на роднина во Бајце – Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ. Во куќата на Мартиновиќ тешко ранета е и сопругата на Марко, Марија (38), пишува „Подгорица вјести“.
Регион
Пленковиќ упати сочувство до Црна Гора и САД
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, во име на владата и од негово име изрази сочувство до Црна Гора и САД во врска со трагедиите во кои загинаа неколку лица.
Пленковиќ рече дека во име на владата и во свое име упатил сочувство до претседателот Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ, народот на Црна Гора и до семејствата на жртвите.
Пленковиќ рече дека испратил сочувство и во име на владата и лично до САД за нападот со возило во Њу Орлеанс, каде што загинаа најмалку 15 лица.
Свет
Зеленски: Украина ќе помогне со сите напори за стабилизирање на Сирија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина се подготвува да ги обнови дипломатските односи со Сирија.
„Се подготвуваме да ги обновиме дипломатските односи со Сирија и соработката во меѓународните организации“, рече Зеленски откога го слушна извештајот на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, кој во понеделникот ја посети Сирија.
Резултатите од преговорите во Дамаск се безбедносни и економски перспективи, рече Зеленски, додавајќи дека Украина ќе помогне со сите напори за стабилизирање на Сирија.