Контакт

Uncategorized

Пронајдена е вакцина против сида- се тестира на мајмуни

Објавено пред

Вакцина против вирусот на сида веруваат дека пронашле американскиот професор Робер Гало и неговиот тим.

dobivaj vesti na viber

Вакцина против вирусот на сида веруваат дека пронашле американскиот професор Робер Гало и неговиот тим.

Ова, како што пренесува Макфакс, денеска го објави британскиот весник Индепендент, кој потсетува дека професорот Гало е еден од двајцата научници кои пред 22 години го открија вирусот на сидата.

Според зборовите на професорот, вакцината која е направена е успешно тестирана на четири мајмуни, а сега во тек е тестирање на уште 12, по што ако се покаже успешна ќе се тестира и на луѓе.

„Да точно е дека сме во прелиминарна фаза. Јас не знам што ќе покажат тестовите што се во тек, но, претпоставувам дека за околу една година ќе преминеме на клиничко тестирање“ врз луѓе, вели Гало.

Тој додава дека ова е за прв пат „да се покаже светло во тунелот“.

Гало смета дека нашол начин да го реши проблемот и да го ослободи човештвото од големата закана. Но, тој сепак предупредува дека вирусот на ХИВ до сега покажал оти е во состојба да изненади.

Покрај тоа, вакцината на професорот Гало, доколку се покаже успешна, ќе лекува само одредени мутации на вирусот и тоа претежно на типовите кои се распространети во Северна Америка и во Европа.

Од сида досега во светот умреа над 25 милиони луѓе, а над 40 милиони се заразени. Но најголем е проблемот во Африка, а посебно во Јужно Африканската Република.

/крај/фонет/б



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Борејќи се за Русите загина син на заменик-директорка на ЦИА

Објавено пред

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменик-директорката на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, објави „NBC News“.

dobivaj vesti na viber

Според медиумските извештаи, Глос се приклучил на руската армија и бил убиен за време на борбените операции во Украина.

„ЦИА ја смета смртта на Мајкл за приватна семејна работа на семејството Глос, а не за прашање од национална безбедност“, рече портпаролот.

Порталот „Important Stories“ беше првиот што објави за смртта на Глос, повикувајќи се на руски извори и профилите на починатиот на социјалните мрежи. На својата страница на ВКонтакте, Глос објави фотографии од Црвениот плоштад и изрази сочувство кон руската војска, нарекувајќи ја украинската армија „корумпирана“, а западните медиуми „пропаганда“.

ЦИА официјално ја потврди смртта, но не прецизираше на чија страна синот на функционерката учествувал во борбите. Во соопштението за медиумите се наведува дека семејството доживеало голема лична трагедија и побарало да се почитува нивната приватност.

„Патување во Источна Европа“

Во официјалниот некролог, семејството навело дека Мајкл починал „додека патувал во Источна Европа“, без да ја спомене Русија или војната во Украина.

Според достапните информации, Мајкл Глос е син на Џулијан Галина Глос, заменик-директорка на ЦИА за дигитални иновации, и Лари Глос, ветеран од војната во Ирак кој работи на развој на софтвер за американската војска и НАТО.

Медиумите известуваат дека Мајкл бил пацифист, протестирал против забраната за абортус и се залагал за заштита на климата. Пред да дојде во Русија во 2023 година, тој патувал низ Европа и на социјалните мрежи се опишувал како антифашист, еколошки активист и борец за правата на жените. Тој објавуваше теории на заговор за Украина и веруваше дека НАТО е основано од нацистите.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Гвинет Палтроу ја провоцира Меган Маркл: снимката поттикна коментари

Објавено пред

Обожавателите на Гвинет Палтроу се убедени дека актерката суптилно ја провоцира Меган Маркл додека таа се снимаше како прави појадок во својата кујна облечена во пижами. Основачот на брендот Goop, 52-годишната Гвинет, во саботата на „Инстаграм“ објави видео на кое подготвува појадок.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Видеото доаѓа откако Меган на „Нетфликс“ го почна своето готвачко шоу „Со љубов, Меган“, кое, и покрај лошите критики, ќе има втора сезона. Во текот на целата сериј, Меган изгледа беспрекорно, облечена во луксузни дизајнерски парчиња додека готви во туѓа, изнајмена кујна.

Од друга страна, Гвинет во својот спот се појави без шминка, во лежерни пижами со пруги, користејќи ја песната This Will Be (An Everlasting Love) од Натали Кол, која се користи и во промотивните материјали за шоуто на Меган на „Нетфликс“.

Фановите бргу реагираа на социјалните мрежи. „Гвинет Палтроу продолжува суптилно да провоцира, а јас сум за тоа! Без шминка, во нејзината вистинска кујна“, „Дури и музиката… тоа е This Will Be (Everlasting Love) на Натали Кол“, „Ха, ха, нели е тоа песната што ја користат за да ја промовираат Меган Маркл?“, „Така приземјена и природна, во пижами, со разбушавена коса, без шминка, пие кафе. Едноставна и опуштена“, се дел од коментарите на „Икс“.

Еден обожавател додаде: „Браво, Гвинет. И таа има вистинско куче, во вистинска кујна, во својата куќа“. „Умирам од смеење. Таа не мора да каже ниту збор. Автентична и подобра во секој поглед, во пижами, без шминка, а сепак толку софистицирана“, напишал друг следбеник.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Средба Мисајловски – Салај Бобровници во рамките на унгарско-македонскиот владин самит: Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина

Објавено пред

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари билатерална средба со својот унгарски колега Кристоф Салај Бобровницки во рамки на кој денеска се одржува во Будимшешта, Република Унгарија.

dobivaj vesti na viber

Уште еден значаен чекор кон побезбедна, посигурна и просперитетна иднина, за граѓаните на двете држави, за регионот и Европа, беше констатирано од страна на двајцата соговорници на денешната средба.

Мисајловски во оваа прилика додаде дека е потребно да се искористи секоја можна соработка која ќе придонесе не само проширување и продлабочување на односите меѓу двете земји туку на развој на државите.

„Еден од најважните критериуми за развој е зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста. Токму затоа е потребно заеднички да продолжиме да вложуваме во јакнењето на регионалната безбедност, како би можеле поефикасно да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме“, истакна министерот Мисајловски и додаде дека е особено горд што одбранбената соработка со Унгарија се интензивира особено по потпишувањето на Планот за билатерална соработка меѓу двете земји.

„Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина. Активностите кои се опфатени со Планот се доказ за сериозната посветеност меѓу двете министерства и армии и за нас е од особена важност е можноста за размена на искуства и знаења кои двете земји ги нудат во насока на зајакнување на човековите капацитети“, потенцира Мисајловски.

Унгарскиот министер Салај Бобровницки на оваа средба кажа дека се отвораат нови можности во процесот на набавки и развој во делот на одбранбената индустрија преку договор Влада со Влада, можноста за набавки на воена опрема од страна на унгарски производители, како и за интензивирање на соработка во процесот на обука и вежби за припадниците на специјалните сили и армиите воопшто.

За време на состанокот се разговараше и за Меморандумот за разбирање меѓу двете институции, кој е во завршна фаза на усогласување, а кој ќе биде дополнителен импулс градењето на меѓусебната соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Пакистан и Индија се согласија на моментален и целосен прекин на огнот, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста...

Европа2 часа

Зеленски и лидерите на најмоќните европски земји разговараа со Трамп

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска утрово пристигнаа во Киев, каде што му се придружија на украинскиот претседател...

Македонија3 часа

(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел...

Топ4 часа

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија5 часа

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет6 часа

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа6 часа

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет8 часа

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија9 часа

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ20 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет22 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија1 ден

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија1 ден

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија1 ден

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија1 ден

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија1 ден

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...