Uncategorized
Швајцарците поддржаа построги мерки за азил
Граѓаните на Швајцарија во огромен број излегоа на вчерашниот референдум, поддржувајќи го усвојувањето на ригорозниот закон за азил.
Граѓаните на Швајцарија во огромен број излегоа на вчерашниот референдум, поддржувајќи го усвојувањето на ригорозниот закон за азил.
Според првичните резултати, сите 26 кантони, го одобриле новиот закон, кој предвидува засилени мерки за одобрување на азил, и ревидирање на правилата за вработување на работници од неевропските држави, а вкупната поддршка изнесува околу 68 насто од излезените гласачи.
Новиот предлог- закон веќе се наоѓа на дневен ред во швајцарскиот Парламент, но беше стопиран, бидејќи пратениците кои не го одобруваат, собраа доволно потписи за петиција и одржување на референдум.
Новиот закон безрезервно го поддржа швајцарскиот министер за правда, Кристиф Блокер, кој смета дека „ревизијата на законот за азил, има за цел да ја сочува хуманитарната традиција на Швајцарија и истовремено да ги спречи злоупотребите“.
Стотици илјади емигранти кои во моментов работат во Швајцарија се под закана да бидат протерани од земјата кога законот ќе биде усвоен./крај/х/мс/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.