Uncategorized
Саакашвили останува претседател на Грузија
Грузискиотпретседател Михаил Саакашвилипобеди на предвремените претседателскиизбори со 58,96 отсто од гласовите, покажуваат првите официјални резултати, објавени денеска.
Грузискиотпретседател Михаил Саакашвилипобеди на предвремените претседателскиизбори со 58,96 отсто од гласовите, покажуваат првите официјални резултати, објавени денеска.
Тие се однесуваат на 185 од вкупно3,300 избирачки места, или, 10 отсто од преброените гласови, пренесуваат западните агенции.
Главниот против кандидат од опозицијата Леван Гачечиладзе освои22,07 отсто од гласовите, покажуваат податоците, објавени на официјалната интернет страничка на Централнатаизборна комисија.
На предвремените претседателскиизбори одржани во саботата во Грузија гласале 56,7 отсто од избирачите. Според изборниот закон, тоае повеќе од потребниот минимум цензус од 50 отсто и овозможува за победник уште напрвиот изборен круг да биде прогласен кандидатот, кој освоил повеќе од половината от гласовите.
Во првите реакции од светот,Соединетите Американски држави ги повикаа Грузијците да ги почитуваатрезултатите од изборите и да покажат воздржаност.
Грузијците ќе треба да ги прифататрезултатите, ако меѓународните набљудувачи оценат дека гласањето било слободнои фер, соопшти заменикот државен секретар за европски прашања Метју Брајза.
„Ние сме во очекување наисклучително важната оценка, која ќе ја дадат ОБСЕ и набљудувачката мисија.Доколку изборите биле слободни и фер, ние би сакале секој грузиски граѓанин даги почитува резултатите“, додаде истиот извор.
/крај/бгнес/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.