Uncategorized
Рација во „Siemens“ поради сомневање за проневера
Полицијата во Минхен и Ерланген денеска започна да спроведува рација во бројните претставништва на компанијата „Siemens“.
Полицијата во Минхен и Ерланген денеска започна да спроведува рација во бројните претставништва на компанијата „Siemens“.
Ова го соопшти државното обвинителство во Минхен, од каде наведуваат дека рацијата е спроведена поради сомневање дека нејзините први луѓе извршиле кривично дело – проневера.
„Рацијата се спроведува во околу 30 канцеларии и приватни станови“, изјави минхенскиот државен обвинител Антон Винклер.
Тој потврди дека 200 полицајци и службеници на државното обвинителство учествуваат во акцијата што ќе трае до утре.
Винклер, во интерес на истрагата, одби да ги коментира написите во медиумите според кои до рацијата дошло поради сомнеж за плаќање мито на компаниите партнери на „Siemens“.
Сепак, неофицијално се дознава дека најголем дел од илегалните трансакции биле правени преку сметките во странство, посебно преку оние во Швајцарија.
/крај/х/ам/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.