Uncategorized
Судирите во Будимпешта под контрола, повредени 200 лица

Околу 200 демонстранти се повредени во ноќешните судири со полицијата пред зградата на државната телевизија во Будимпешта, јавуваат агенциите.
Околу 200 демонстранти се повредени во ноќешните судири со полицијата пред зградата на државната телевизија во Будимпешта, јавуваат агенциите.
Според унгарските медиуми, демонстрантите ноќеска упаднале во зградата на телевизијата, во обид во етер да го прочитаат барањето за оставка на премиерот Ференц Ѓурчањ. Повод е неговата изјава дека постојано го лаже народот.
Откако демонстрантите не успеале да го прочитаат барањето, избувнале немири, предизвикан е пожар во зградата, а двата канали на државната телевизија ја прекинале програмата.
Во судирите во кои учествуваа неколку илјади демонстранти, повредени се повеќе од 100 полицајци, еден од нив е во животна опасност. Повреден е и поголем број демонстранти откако полицијата се обидела со водени топови и солзавец да ги разбие насилните протести.
Утрово околу 4 часот е угаснат пожарот во зградата на телевизијата. Демонстрантите се повлекле, а полицијата се засилува со нови единици од внатрешноста на земјата.
Демонстрантите бараат оставка на премиерот од редовите на социјалистите Ференц Ѓурчањ затоа што на еден затворен партиски состанок изјавил дека се користел со лаги за да победи на изборите што се одржаа во Унгарија во април годинава.
Незадоволството на демонстрантите било предизвикано од снимка од состанокот одржан во мај на кој се слуша премиерот како вели дека „лаже од утро, до следниот ден“ и дека изминатите четири години неговата влада не донела ниту една мерка со која би можела да се гордее.
Судирите уследија по релативно мирниот протест што вчера попладне се одржа пред унгарскиот парламент, кога демонстрантите се обидуваа да предадат петиција.
Премиерот Ференц Ѓурчањ синоќа изјави дека сите одговорни политички фактори треба да објаснат дека радикалните акции не се решение за било каква политичка акција.
„Улицата не е решение, туку води кон конфликт и создава криза. Наша задача е да го смалиме конфликтот и да ја спречиме кризата“, изјави премиерот за унгарската агенција МТИ.
Ниту една опозициона партија досега не изрази поддршка на демонстрантите, но најголемата опозициона партија Фидес соопшти дека ќе ја бојкотира денешната седница на Парламентот во знак на протест против однесувањето на премиерот.
За неделава во Унгарија се закажани и протести на студентите, железничарите и други групи, а за две недели во земјата треба да се одржат локални избори.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин