Uncategorized
Над 12 милиони жртви на модерно ропство во светот
Повеќе од 12 милиони луѓе во светот се жртви на модерни облици на ропство, соопшти Меѓународната канцеларија за труд (ИЛО).
Повеќе од 12 милиони луѓе во светот се жртви на модерни облици на ропство, соопшти Меѓународната канцеларија за труд (ИЛО).
Организацијата наведува дека бројката жртви на присилна работа е најголема во Азија, но оти, под влијание на глобализацијата. состојбата може да се влоши и во Европа.
Жртвите на присилна работа во светски рамки се најмалку 12,3 милиони кои на оние што ги експлоатираат годишно им носат заработка од 32 милијарди долари, се наведува во извештајот на ИЛO објавен синоќа во седиштето во Женева.
Состојбата е најкритична во азиските земји каде има 9,5 милиони присилни работници. Нивната бројка во Латинска Америка е 1,3 милиони, во субсахарска Африка – 660,000, а на Блискиот исток и во северна Африка – 260,000. Околу 360,000 луѓе се жртви на присилна работа во индустриски развиените земји, а околу 210,000 во земјите во транзиција.
Приближно 55 отсто од жртвите на присилна работа се жени, а 40 до 50 отсто се помлади од 18 години, укажува ИЛО.
Меѓународната конвенција од 1930 година под присилен труд го дефинира секој облик на недоброволна работа под закана на казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.