Uncategorized
Министрите на ЕУ за проширувањето, односите со Русија и воените мисии
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска одржуваат состанок на кој расправаат за проширувањето, односите со Русија и за воените мисии во Конго и БиХ.
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска одржуваат состанок на кој расправаат за проширувањето, односите со Русија и за воените мисии во Конго и БиХ.
На шефовите на дипломатиите во расправата за воените мисии на ЕУ им се приклучиле и министрите за одбрана. Покрај заедничкиот, министрите за одбрана ќе имаат и одвоен состанок на кој ќе се расправа за развојот на европската безбедносна и одбранбена политика.
По овој состанок, предвидена е средба на министерската тројка на ЕУ со министрите за одбрана на земјите кандидатки Хрватска, Македонија и Турција, како и со министрите од земјите што се надвор од ЕУ, но се членки на НАТО, Исланд и Норвешка.
Во склоп на подготовките за самитот на ЕУ, планиран за средината на декември, што речиси во целост ќе се однесува на проширувањето, комесарот за проширување Оли Рен ќе ги запознае министрите со минатонеделниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидатки и потенцијалните кандидати, како и со документот за стратегијата за понатамошно ширење.
Министрите, меѓу другото, ќе разговараат за продолжувањето на преговорите со Турција, за што во Унијата нема согласност.
Во расправата за западен Балкан, министрите треба да го одобрат мандатот на ЕК да започне преговори за олеснување на постапката за издавање визи за граѓаните од Македонија, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
Министрите ќе разговараат и за односите со Русија, со која ЕУ би требало на 24 ноември во Хелсинки да започне преговори за нов договор за стратешко партнерство.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земјата.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Uncategorized
„Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи кон иднина што ги надминува историските предизвици и ја прифаќа колективната европска судбина“, Муртезани на БИФ форумот во Подгорица
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На панелот со тема „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, министерот Муртезани се осврна на комплексниот евроинтегративен пат, кој има огромно политичко и економско значење за Западен Балкан.
„Овој процес, кој ја поврзува иднината на нашиот регион со визијата за обединета Европа, не е само бирократска вежба на исполнување зададени обврски; туку е чисто политички потфат. Претставува егзистенцијален избор, кој има за цел да ги преструктуира општествата, да поттикне стабилност и да ги вгради начелата на демократијата, владеењето на правото и заедничкиот просперитет во ткивото на нашите нации.“ – нагласи Муртезани.