Uncategorized
Нафтата скокна на 135 долари за барел
Цената на нафтатапродолжува со галопирачко темпо да расте, искачувајќи се на синоќешнототргување на берзата во Њујорк на неверојатни 135 долари за барел.
Цената на нафтатапродолжува со галопирачко темпо да расте, искачувајќи се на синоќешнототргување на берзата во Њујорк на неверојатни 135 долари за барел.
Како што извести телевизиската мрежа Си-Ен-Ен,американската лесна нафта на електронското тргување за испорака во јулидостигна цена од 135,04 долари за барел.
Најновото покачување нацената на нафтата уследи, откако американската влада неочекувано објави дека сенамалиле нејзините резерви на сирова нафта, што предизвика страв од притисокврз понудата.
Американската Управа заенергетски информации објави дека залихите на сировата нафта за една недела сенамалиле за 5,4 милиони барели.
Со ова најново покачување, цената на нафтата самоод почетокот на годината поскапеле за 34 отсто. Просечната цена на нафтата воизминатата година изнесуваше 64,20 долари за барел, а во јануари 2007 сепродаваше за 55,43 долари за барел. /крај/х/ап/
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.