Uncategorized
Исламистички бунт во Узбекистан

Оружени исламски екстремисти ослободиле илјадници затвореници во источниот узбекистански град Андиџан при што во судирите со силите на редот се убиени најмалку десет лица, вклучувајќи војници и милиционери.
Оружени исламски екстремисти ослободиле илјадници затвореници во источниот узбекистански град Андиџан при што во судирите со силите на редот се убиени најмалку десет лица, вклучувајќи војници и милиционери.
Ова изутрината го јавија руските агенции, кои тврдат дека низ улиците на Адиџан владее хаос и оти по известувањето за оружен бунт, кон тој град утрово се упатил и узбекистанскиот претседател Ислам Камиров.
Истите извори додаваат дека во овој узбекистански град на повеќе локации се собрани исламисти кои бараат оставки на владата и претседателот на Узбекистан.
“Тука е војна“ ја пренесува агенцијата РИА Новости изјавата на жител на Андиџан.
Локалното население ги бојкотира митинзите.“Меѓу нас нема вахабити. Сакаме работа и демократија“, изјави жителка на Андиџан, кој се наоѓа околу 160 километри источно од престолнината Ташкент, блиску до границата со Киргистан.
“Бунтовниците ја зазедоа зградата на регионалната управа и добро чуваниот затвор, и никој не знае кој сега го контролира градот“, изјави портпаролот на Организацијата за човекови права Фајџахон Заинбидинов.
Тој соопшти дека се ослободени околу 2,000 затвореници и оти се запалени киното и театарот во Андиџан.
Узбекистанските медиуми јавија дека оружените групи веројатно се составени од исламски екстремисти, кои минатата ноќ ги нападнале полициските станици и касарните на узбекистанските оружени сили.
Очевидци изјавија дека војниците ги напуштиле позициите криејќи се на повеќе локации во градот, каде ноќта се слушале пукотници.
Руските агенции јавија за најмалку десет загинати во престрелките и за над 30 ранети што и утрината продолжиле во Андиџан, додавајќи оти меѓу загинатите има и војници и милиционери. /крај/бгнес/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин
Uncategorized
Кадриу: Османи одобрил договор од 56 милиони денари за возила за ОБСЕ, цените трипати повисоки

Претставникот на „Влен“, Арбер Кадриу, презентираше договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2023 година, нарекувајќи го „доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи“.
Кадриу истакна дека договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
„Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала: VIP автомобил 29.000 денари на ден, возило од средна класа 23.000 денари, а миниван 19.200 денари на ден, без ДДВ,“ рече Кадриу, посочувајќи дека само еден месец претходно истата компанија склучила договор со МНР за редовни потреби по цена од 9.500 денари за ист тип возило.
„Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време,“ додаде тој.
Од ВЛЕН обвинуваат дека во договорот „нема записник или доказ колку возила биле користени, нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата“.
„Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови. Ова е начинот како работел Бујар Османи како министер за надворешни работи,“ истакна Кадриу, додавајќи дека ваквите тврдења се нотирани и од Државниот завод за ревизија.
ВЛЕН бара отворање кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор, како и активирање на Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Османи.
„Бујар Османи е должник пред граѓаните. Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури,“ рече Кадриу, повикувајќи медиуми, граѓански организации и јавноста да го погледнат договорот.
Uncategorized
Османи ја критикува владата за сервилноста кон српско-рускиот свет и одалечувањето од ЕУ

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска порача дека Македонија веќе ги добила сите неопходни гаранции од Европската унија и дека сега е време за конкретни чекори напред, а не за политички игри.
„Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да се злоупотребува темата за ЕУ“, изјави Османи, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата е клучна за нејзината иднина.
Тој предупреди дека историските предизвици и притисоците од „српскиот свет“ продолжуваат да го саботираат напредокот кон ЕУ.
„Сега има две опции – или си со ЕУ или си со српскиот свет, сива зона нема. Тие се меѓусебно поврзани. Секој што прави чекор кон ЕУ, се оттргнува од српскиот свет. И, дали сте забележале? Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади“, рече Османи.
Тој се осврна и на историските примери кои го покажуваат длабокото вкоренување на оваа дилема.
„Знаете кога се случи атентатот врз Глигоров? Еден ден откако се врати од Белград и соопшти дека ќе се оттргнеме од Југославија. Знаете ли зошто секој обид за договор со Бугарија и со Грција, или за приближување на земјата кон ЕУ, наидува на демонизација и пропаганда? Затоа што секој чекор кон ЕУ е чекор на оттргнување од српскиот свет. Секој чекор назад е чекор кон српскиот свет“, истакна Османи.
На крајот, Османи ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за блокада на европската перспектива и за сервилност кон српско-рускиот свет.
„Оваа влада ја блокира европската перспектива, затоа сме претворени во бебе на српско-рускиот свет, кој ги има заробено сите инструменти“, заклучи тој.