Uncategorized
Најмалку 74 мртви во атентатот во шиитската џамија во Ирак
Последниот биланс од бомбашкиот напад во една џамија во Багдад изнесува најмалку 74 загинати и 136 повредени лица, соопшти министерството за здравство на Ирак.
Последниот биланс од бомбашкиот напад во една џамија во Багдад изнесува најмалку 74 загинати и 136 повредени лица, соопшти министерството за здравство на Ирак.
Според најновите информации, нападот го извеле тројца атентатори самоубијци. Едниот активирал бомба внатре во џамијата, вториот истовремено активирал бомба на главниот влез од џамијата, а третиот пред самата џамија.
Нападнатата џамија претставува едно од најсветите места на шиитите, а со неа раководеле припадници на шиитската Алијанса, најбројна партија во ирачкиот парламент.
Портпарол на партијата го повика ирачкиот народ да остане мирен и да му се спротистави на тероризмот, а не да биде воден од него.
Телевизијата „Ал Иракија“ ги повика граѓаните на Багдад доброволно да дадат крв за потреба на ранетите.
Нападот доаѓа само еден ден по експлозија во близина на гробиштата во Наџаф, во која имаше најмалку десет лица загинати.
Тензиите помеѓу најбројните верските исламски заедници во Ирак, шиитите и сунитите се се поголеми, а бројни се предупредувањата од релевантни фактори дека земјата е веќе навлезена во граѓанска војна.
/крај/ссн/ап/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.