Uncategorized
Закон за процесуирање осомничени за тероризам
Американскиот Конгрес го прифати Законот за испитување и процесуирање на осомничени за тероризам.
Американскиот Конгрес го прифати Законот за испитување и процесуирање на осомничени за тероризам.
Според американските медиуми овој закон поставува одредени ограничувања на техниките на испитување кои ги користи ЦИА. Истовремено, меѓутоа, на затворениците им се ускратува правото пред судовите да го оспоруваат своето заробеништво во Гвантанамо, на Куба и во други затвори
Новиот закон предизвика поделби во Републиканската партија, која има најголемо мнозинство, а Конгресот, Сенатот и Белата куќа, со седмици наназад разговарале за неговите одредби, пишува американскиот печат.
Со новиот закон, за осомничените кои се опишани како непријателски борци, предвидени се помалку права, за разлика од оние кои се опишани како воени заробеници. Најголемата полемика која што се водела во Конгресот била дали на испитаниците треба да им се признаат основните права и до која мерка.
Администрацијата на американската влада, преку овој закон сака да ги заштити вработените во ЦИА од можни тужби поради употреба на агресивни техники на испитување, како што се долготрајно одземање на сонот, симулирано давење на испитаниците во вода.
Американскиот претседател Џорџ Буш, вчера го повика американскиот Сенат, да го следи примерот на Конгресот и да го прифати законот.
„Американците мораат да знаат дека работиме заеднички со цел да победиме во војната против тероризмот“, изјави Буш./крај/хи/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.