Uncategorized
Русија нема непријателски намери кон ниту една држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ae701b26-4a38-4bcf-a5ad-f0f8dfd98caf.jpeg)
Русија нема никакви непријателски намери кон ниту една држава во светот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Русија нема никакви непријателски намери кон ниту една држава во светот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој, на прес конференција во Москва, посочи дека Русија е насочена кон соработка со сите кои се подготвени за тоа.
„Ќе продолжиме да ја спроведуваме нашата политика од истите позиции и во иднина“, истакна Лавров.
Русија, според него, планира да ја гради својата политика со останатите држави врз рамноправна основа, почитувајќи ги взаемните интереси.
„Во случај кога партнерите се откажуваат од колективниот поход кон решавање на проблемите, Русија ќе дејствува самостојно, водејќи сметка за своите национални интереси, но со почитување на меѓународното право“, посочи Лавров.
Тој оцени дека во последните неколку години, Русија ги зацврстила своите позиции во меѓународната економија и финансиите, а во меѓународните односи почнува да се појавува како држава – донатор.
/крај/бг/ам
Copyright 200
8
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Тепачка меѓу малолетнички во училишен двор во Чаир: настанот бил објавен на социјалните мрежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.