Uncategorized
Меккејн во предност, Обама и Клинтон изедначени
Кандидатитеза претседателски кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон и Барак Обама се изедначени по синоќешнитепредизбори во над 20 американски сојузни држави.
Кандидатитеза претседателски кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон и Барак Обама се изедначени по синоќешнитепредизбори во над 20 американски сојузни држави.
Како што пренесуваат американските медиуми, Обамапобедил во повеќе сојузни држави, но Клинтон освоила поголем број на делегати,бидејќи победила во државите со поголем број на жители.
Клинтон досега има осигурано 450 делегати од 2.025неопходни за да добивање на номинација, додека Обама има 397 делегати
Меѓу Републиканците, кандидатот Меккејн синоќаизвојува победа во неколку поголеми сојузни држави, кои што обезбедуваатпоголем број делегати. Големо изненадување приреди Мајк Хакаби, кој победи вонеколку држави.
Меккејн досега има обезбедено 337 делегати за партискатаконвенција од неопходните 1.097, додека Мит Ромни има 133, а Хакаби 95делегати.
Двете партии преку предизбори треба да го избераткандидатот кој ќе ги претставува на претседателските избори закажани заноември./крај/хн/aп/
Copyright 2008
makfax
. Ситеправа се задржани. Текстов не смее да сепечати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.
Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.
Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.
Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.
Uncategorized
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.
Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.